Една родителска грешка заради која бебето не може да заспие

Детето чувствува дека родителот брза што поскоро да заврши со заспивањето за да оди да прави нешто друго, па се пали алармот и тоа се обидува да остане будно што е можно подолго за родителот да не го остави само. И тогаш влегуваме во маѓепсан круг.

156

Нервозата на родителите децата многу лесно ја чувствуваат. Дури и новороденчињата. А таа нервоза многу често се јавува кога се обидуваме да го заспиеме детето, а тоа баш и не сака да заспие. Детето чувствува дека родителот брза што поскоро да заврши со заспивањето за да оди да прави нешто друго, па се пали алармот и тоа се обидува да остане будно што е можно подолго за родителот да не го остави само. И тогаш влегуваме во маѓепсан круг.

„Можеме целосно да ја разбереме потребата на родителите детето што побрзо да заспие, бидејќи повеќето родители, покрај обврските во однос на детето, имаат и многу други работи што треба да ги завршат“, вели Томислав Куљиш, терапевт и основач на Центарот за природно родителство.

Но, тој исто така истакнува дека децата се „дизајнирани“ многу пред индустриското општество и не е предвидено самите и брзо да заспиваат. Секое нормално дете ќе заспие кога ќе се почувствува целосно безбедно и ако си ја исполнило потребата за време и игра со родителите, вели Куљиш.

„Дури тогаш мозокот на детето се опушта и може да потоне во сонот што му е потребен. Но, доколку детето чувствува дека родителот ќе си замине и сака што поскоро да се ослободи од обврските околу него, кај него се буди аларм и тоа се труди да остане будно што подолго за да биде сигурно дека родителот нема да замине. Затоа, кога го заспиваме детето, мора да му обезбедиме чувство на безбедност и да не му испраќаме порака дека ни се брза“, вели Куљиш.

„На крајот, тој период на малото, нежно телце покрај вас ќе помине толку брзо и неповратно, па зошто воопшто да се откажувате од тоа“, вели Томислав Куљиш.

Повеќе