Експертите ги предупредуваат родителите: Не им давајте на бебињата путер за подобро да спијат

Исцрпените родители тврдат дека овој метод им помага бидејќи нивните бебиња потоа спијат цела ноќ. Трендот започнал во САД, каде што мајките почнале да им даваат путер на своите малечки, а потоа се проширил во Велика Британија и Нов Зеланд.

40

Родителите се спремни да пробаат сè  за да им обезбедат на децата да спијат мирно цела ноќ. На Тик-Ток се шири метод што некои родители го користат за да ги заспијат своите деца – им даваат на бебињата и малите деца лажичка путер пред спиење.

Исцрпените родители тврдат дека овој метод им помага бидејќи нивните бебиња потоа спијат цела ноќ. Трендот започнал во САД, каде што мајките почнале да им даваат путер на своите малечки, а потоа се проширил во Велика Британија и Нов Зеланд. Некои родители веруваат дека ова им помага да спијат по осум часа непрекинат сон.

Сепак, иако некои родители се колнат во овој метод, експертите предупредуваат дека нема докази дека путерот навистина помага, па дури може да им наштети на бебињата.

Експерти: Овој метод не е безбеден за бебињата
Иако некои родители се задоволни со резултатите, нутриционистката Шарлот Стирлинг-Рид предупредува дека хранењето на бебињата со путер не е сигурен начин за подобрување на сонот. Таа за „Индипендент“ изјавила дека социјалните мрежи се полни со дезинформации и дека путерот, кој содржи многу сол и заситени масти, не се препорачува за бебиња.

„Плус, путерот е лизгав и мек, што може да претставува ризик од гушење за бебињата кои сè уште развиваат вештини за џвакање и голтање. Во ред е да додадете малку путер во готвените јадења или тенко да го намачкате на лебот, но да му дадете на бебето цела лажица путер не е добра идеја“, вели таа.

Будењето во текот на ноќта е сосема нормално.

Експертите нагласуваат дека будењето во текот на ноќта е нормален дел од развојот на бебето.

Националната здравствена служба на Велика Британија објаснува: “Новороденчињата редовно се будат во текот на ноќта во првите неколку месеци, а тоа може да биде тешко за родителите. Како што расте бебето, навиките за спиење се менуваат. Родителите треба да бидат подготвени да ги приспособат рутините, бидејќи на сонот можат да влијаат скоковите во развојот, никнувањето на запчињата и болести”.

Со други зборови, наместо да прибегнуваат кон ризични трикови на Тик-Ток, родителите треба да знаат дека будењето на бебињата во текот на ноќта е сосема природно и дека со текот на времето нивниот сон ќе се подобри.

@baigepalloch

15 months old and never slept through the night. I’m tired. Hopefully this works 🤞 #nz #butter #tiredmom

♬ original sound – Paige Balloch
Повеќе