Резултатите од студијата, објавени на веб-страницата на американската тинк-тенк организација RAND, се утврдени откако научниците следеле околу 20.000 Американци и тоа од 1992 година.
Тие идентификувале 181 фактор во таа возрасна група, што може да бидат предупредувачки знаци за идно когнитивно оштетување. На листата е храна, седечки начин на живот што резултира со дијабетес или БМИ над 35 – сето тоа се потенцијални показатели за деменција.
Проблематични фактори
Некои од проблематичните фактори се недостаток на вежбање, намалени физички способности како сила, брзина и рамнотежа.
„Основните когнитивни способности на поединецот, здравствените и функционалните ограничувања се најсилните предиктори за деменција, додека здравјето на родителите, големината на семејството, брачната историја и демографијата се најслаби.
Лошото физичко здравје, мозочниот удар, пониските когнитивни способности, функционалните ограничувања и одредени гени силно ја предвидуваат идната зачестеност и превенција на когнитивното оштетување и деменција“, наведуваат научниците.
Што може да спречи деменција
Научниците веруваат дека промените во животниот стил можат да ја спречат деменцијата и да ги зачуваат когнитивните способности во годините што доаѓаат.
Студијата ја нагласува потребата за рана дијагноза, но некои од клучните елементи за спречување на деменција вклучуваат редовно вежбање, хоби и континуиран ментален ангажман по пензионирањето.
Неврологот Клифорд Сегил го поздрави извештајот како „освежувачко“ отстапување од нормата која често се фокусира исклучиво на лекови за одложување на почетокот на деменција.
Тој ги нагласи придобивките од промените во животниот стил за оние кои сакаат да спречат губење на меморијата и деменција: „Овој труд советува дека вежбањето, дополнителни години на работа, занимавањето со хоби и нови информативни активности по пензионирањето и одржувањето добро физичко здравје веројатно ќе спречат некој да развие деменција, пренесува Мирор.
„Овие промени во животниот стил треба да се споделат со секој што се обидува да избегне губење на меморијата или деменција во текот на стареењето“, додаваат таму.