Германскиот психијатар и невролог д-р Алоис Алцхајмер беше првиот што ја опиша пациентката чија болест подоцна го носеше неговото име, Алцхајмерова болест и до денес таа продолжува да го привлекува вниманието и на експертите и на лаиците, бидејќи продолжува да претставува енигма на модерната медицина.
Еден век подоцна, Алцхајмеровата болест и другите форми на деменција погодуваат 24 милиони луѓе ширум светот. Сепак, она што најмногу загрижува е фактот што оваа бројка многу брзо расте. Според податоците објавени во 2005 година, во еминентното медицинско списание „Лансет“, во блиска иднина, пред сè, поради продолжување на човечкиот живот, ќе нè следи непосредна епидемија на деменција, па така сликовито се зборува за појава на еден нов случај на деменција во светот на секои седум секунди.
Најновите научни проценки велат дека до 2040 година би можело да има дури 81 милион луѓе со деменција, а до 2050 година над 115 милиони луѓе.
Кога ќе дојде до заборавање веќе е доцна
Иако не постои единствен ефикасен лек за Алцхајмеровата болест, постојат начини да се забави болеста. При ова, клучно е навреме да се забележат првите промени кај пациентот, но за жал болеста најчесто се забележува во подоцнежните фази.
Експертите наведуваат четири симптоми на рана Алцхајмерова болест кои немаат никаква врска со заборавањето, но можат да бидат показател за болеста и се причина за посета на лекар.
Компулсивно чешање
Голем број од пациентите со Алцхајмерова болест често и компулсивно се чешаат, дури и до појава на крв. Научниците не ја откриле точната врска помеѓу самата основна болест и чешањето, но секако го земаат предвид овој симптом.
Проблеми со видот
Според една студија објавена во Американското списание за епидемиологија, проблемите со видот може да бидат многу ран показател за деменција подоцна во животот.
Постарите лица кои имаат слаб вид, дури и ако носат очила или контактни леќи, имаат пет до десет пати поголеми шанси да развијат Алцхајмерова болест или други форми на деменција во период од 8,5 години по губењето на видот, велат научниците.
Промени во ракописот
Со помош на ракопис можеме да откриеме и Алцхајмерова болест, особено ако станува збор за букви со неправилен и „треперлив“ изглед. Во овој случај, ракописот се влошува со влошување на менталната состојба, а пишувањето со текот на времето станува побавно. Зборовите значително се разликуваат едни од други со видливи искривувања на некои букви. Слично е и со Паркинсоновата болест, која освен со треперењето се карактеризира и со тесни и згрчени букви, а ракописот понекогаш станува толку ситен што ни самиот автор не може да го прочита.
Промени во расположението
Засегнатите лица може да станат исплашени, сомничави, депресивни или анксиозни. Некогаш самоуверените личности можат да станат несигурни и срамежливи. Тие можат лесно да се вознемират ако се далеку од дома или од место каде што се чувствуваат безбедно.