Австралиска мајка одбива да се ослободи од гнидите на своето дете затоа што е веган (ВИДЕО)

Жена од Австралија чија седумгодишна ќерка била полна со вошки, рекла дека, поради тоа што е веганка, не сака да им наштетува на животните, па затоа се обидувала да ги чешла вошките и гнидите во градината каде што имаат најголеми шанси да преживеат

290

„Таа не сака да им наштети на животните, па ги чешла вошките во градината за да имаат најголеми шанси за преживување“, пишува во објавата која може да се прочита на социјалните мрежи.
Обично, кога вашето дете ќе добие вошки, вие очајно ги пробувате сите методи за да се обидете да ги убиете, што побрзо. Но, една мајка од Австралија зазела спротивен пристап – таа воопшто не сака да им наштети на гнидите.

И нејзиното бизарно размислување ќе ве остави да си ја чешате главата…

Таа објаснува: „Мојата седумгодишна ќерка е најдобра пријателка со девојчето од соседството, чие семејство е веганско. И тоа е во ред, го почитуваме нивниот избор. Но мојот проблем е што неодамна ова инаку прекрасно дете беше кај нас и бесно се чешаше, а јас открив дека врие со вошки“.

Откако ѝ ги спомнала гнидите на мајката на девојчињата, мајката рекла дека е свесна за нив, но дека не сака да им наштети бидејќи веганите не убиваат живи суштества.

„Таа ми кажа дека се обидувала да ги чешла вошките и гнидите во градината каде што имаат најголеми шанси да преживеат“, продолжува таа, „и мојата вилица падна на подот“.

Таа потоа го прашала колумнистот за совет што треба да прави сега. „Не сакам да ги раздвојувам децата, но нема шанси „чешлањето во градината“ да успее (едвај делуваат индустриските пестициди) и не сакам мојата ќерка да биде прекриена со штетници“.
Друга жена напишала под постот што мисли за другата мајка – дека е лицемерна будала!

Потоа додала и дека е всушност „чудовиште“ кое ги осудува гнидите на „бавна и болна“ смрт бидејќи тие нема да можат да преживеат во градината.
Исто така, ја посоветувала жената која го поставила прашањето, да ги земе работите во свои раце и да ја подготви бањата за да си „игра фризери“ и сама да ги отстрани вошките.

Сепак, таа предупредила дека тоа би можело да ја вознемири другата мајка, доколку дознае.

Но, би можело да вреди!

@liceladyrachel

lice is one thing. But neglect is another. I see both at work but nothing compares to this. #licetok #verifytrashywashyy #headlice

♬ original sound – Rach
Повеќе