Како влијаеше пандемијата на развојот на децата од предучилишна возраст? Еве што вели новото истражување

„Иако наодите се мешани, грижата за влијанието на пандемијата е оправдана, особено во раното детство, кога се развиваат основните вештини за писменост, математика и социјално-емоционално учење“, вели педијатарката Фае Допвел.

121

Родителите, воспитувачите и наставниците се борат со последиците од пандемијата врз децата и младите. Неодамнешните студии покажаа дека тинејџерите пропуштиле важни пресвртници, а недостатокот на социјализација е загрижувачки. За ковид-бебињата и малите деца, вестите не се толку лоши.

Во новата студија, објавена во JAMA Network Open, истражувачите сугерираат дека помладите деца би можеле да се соочат со помалку предизвици отколку што првично се мислеше. Истражувачите во Канада користеле податоци за деца на возраст од две до четири години од Студијата за раѓање во Онтарио (Ontario Birth Study), собрани помеѓу февруари 2018 година (пред пандемијата) и јуни 2022 година.

Според анализата, децата од предучилишна возраст изложени на пандемијата на ковид-19 покажале подобрени вештини за вокабулар и визуелна меморија на возраст од четири и пол години, а немало значителна разлика во нивните социјални и емоционални вештини во споредба со децата на иста возраст во периодот пред пандемијата. Двегодишните деца изложени на пандемијата покажале подобри вештини за решавање проблеми и поразвиени фини моторни вештини, но покажале пониски лични и социјални вештини.

„Се чини дека пандемијата немаше длабоко негативно влијание врз сите области на развојот или врз сите деца“, изјавил психологот Марк Вејд за Yahoo Life.

Загриженоста за влијанието на пандемијата е оправдана
Во однос на влијанието врз учениците, повеќето заостануваат академски околу една година .

„Децата не можат и не учат успешно преку виртуелни платформи. Транзицијата кон учење на далечина беше особено предизвик за помалите деца, на возраст од 5 до 8 години, кои се соочија не само со академски пречки, туку и со неуспеси во развојот на социјалните вештини“, изјавила Алион Јанг од Learning Lab.

„Иако наодите се мешани, грижата за влијанието на пандемијата е оправдана, особено во раното детство, кога се развиваат основните вештини за писменост, математика и социјално-емоционално учење“, вели педијатарката Фае Допвел.

Џени Ву од Mind Brain Emotion вели дека „сите студии укажуваат на пад на социјалните и емоционалните вештини кај децата“. Но, таа признава дека влијанието на пандемијата може да варира во зависност од индивидуалните и социо-економските фактори.

„Родителите, наставниците и здравствените работници не смеат да претпоставуваат дека сите деца се погодени на ист начин и во иста мера. Мора да ги земеме предвид социјалните, економските, расните и домашните фактори“, истакнала таа.

Конечно, д-р Илан Шапиро има пооптимистички став.

„Добрата вест е дека децата се исклучително прилагодливи. Ако им дадеме можност да растат и алатки за тоа, тие брзо ќе закрепнат“, вели тој.

Повеќе