Можеби сепак треба да се јаде за двајца?! Бременоста троши неверојатна количина на калории – повеќе отколку што се мислеше

Група научници од Универзитетот Монаш во Мелбурн утврдија колку калории се потребни за да се износи бременоста, а бројката е шокантна

85

Носењето дете девет месеци е товар за телото, но дали знаевте дека бременоста всушност согорува

калории?

„Јадењето за двајца“ во тој случај добива сосема ново значење.

Новото истражување откри колку енергија трошат цицачите кога создаваат ново суштество. Така,

било утврдено дека за човечка бременост се потребни неверојатни 49.753 калории, тврдат

биолозите од Универзитетот Монаш, пишува Mirror. Тоа е еквивалент на 104 среќни оброци на

Мекдоналдс или 218 Марс чоколатца.

Поголемиот дел од енергијата што цицачите ја вложуваат во репродукцијата се „зоврива“ како метаболичка топлина, само 10% завршува кај бебето, изјави за Си-Ен-Ен д-р Дастин Маршал, коавтор на публикацијата Science.

Тој додава дека кога се земаат предвид лактацијата и метаболичките оптоварувања, самото бебе

претставува помалку од 1/20 од вкупното репродуктивно вложување.

Тимот од Мелбурн дошол до овој заклучок со анализа на 81 вид – од микроскопски планктони до

луѓе – со моделирање што точно се случува кога се очекува приновата.

Иако кај повеќето животни 10% од нивната мега потрошувачка на енергија се пренесува на

нивните потомци, кај луѓето тоа е помалку од 4%.

Наместо тоа, неверојатни 96% од енергијата се вложуваат во интензивните процеси на „гестација“ –

што се однесува на развојот на детето од зачнувањето до раѓањето.

„Резултатите беа изненадувачки. Откривме дека за многу животни, енергијата потрошена на

едноставно носење и грижа за потомството пред раѓањето многу ја надминува енергијата вложена

во самите потомци“, вели водечкиот автор на студијата д-р Семјуел Гинтер.

Повеќе