Научниците открија која активност е најдобра за децата

Во рамките на една студија, луѓето кои свиреле на некој музички инструмент во поголемиот дел од својот живот постигнале подобри резултати на когнитивните тестови во нивните 70-ти и раните 80-ти години, од оние кои не свиреле.

172

Децата се занимаваат со различни видови хоби додека растат. Додека некои траат цел живот, на други им здосадуваат за неколку недели. Но, постои една работа што можете да му ја дадете на вашето дете сега за да го подобри здравјето на мозокот во иднина. Според научниците, тоа е, да научи да свири на музички инструмент.

Во рамките на една студија која ја спровеле Универзитетот во Единбург и Универзитетот Единбург Напиер, луѓето кои свиреле на инструмент во поголемиот дел од својот живот постигнале подобри резултати на когнитивните тестови во нивните 70-ти и раните 80-ти години, од оние кои не свиреле.

Врската беше очигледна дури и кога беа земени предвид други фактори кои би можеле да влијаат на здравјето на мозокот во староста, како што се интелигенцијата или образованието.

Сите учесници во студијата, 420 од нив, се родени во 1936 година во областите Единбург и Лотиан. Во текот на растењето, нивните физички и ментални функции биле тестирани. 167 од нив имале искуство со свирење на музички инструмент, најмногу во детството или тинејџерските години и тие оствариле подобриле резултати на тестовите за брзина на обработка на информации и просторно размислување.

„Ги гледаме овие резултати како возбудлива почетна точка за понатамошно истражување за тоа како музичкото искуство во текот на животот може да придонесе за здраво стареење“, изјавил д-р Џудит Окели од Универзитетот Непиер во Единбург.

Сите учесници во студијата, 420 од нив, се родени во 1936 година во областите Единбург и Лотиан. Во текот на растењето, биле тестирани нивните физички и ментални функции. 167 од нив имале искуство со свирење на некој музички инструмент, најчесто во детството или во тинејџерските години и тие оствариле подобри резултати на тестовите за брзина на обработка на информации и просторно размислување.

„Ги гледаме овие резултати како возбудлива почетна точка за понатамошно истражување за тоа како музичкото искуство во текот на животот може да придонесе за здраво стареење“, рече д-р Џудит Окели од Универзитетот Непиер во Единбург.

Резултатите од студијата беа објавени во списанието Psychology and Aging. Претходните студии покажаа дека децата имаат корист и од слушање музика кога се мали бидејќи тоа им помага да постигнат подобри резултати на когнитивните тестови.

Повеќе