Не е забавно да си ги плашите децата само за 5 минути слава! (ВИДЕО)

Замислете го ова: ве внесуваат во соба, ве ставаат пред камера, се гледате себеси, а потоа одеднаш некаде над вас, во истата просторија, се појавува страшно суштество, дух или нешто друго необично. Лебди над вас или застанува до вас. А тие што беа со вас во собата истрчаа, го изгаснаа светлото и ве затворија внатре. Токму ова е она што поради предизвик на ТикТок го прават некои родители…

283

Сите знаеме дека е понекогаш забавно да исплашите некого, па често тоа им го правиме и на најмалите. Згора на тоа, ним им е понекогаш доста забавно, поради тоа чувство на возбуда. Сепак, не се сите деца исти и не се сите методи подеднакво страшни.

Кога ќе му пријдете на детето одзади, ќе го фатите за рамениците и ќе кажете „бу!“, тоа може да го насмее детето. Се разбира, прво ќе се исплаши, но веднаш потоа ќе се насмее. Возбудата што детето ја чувствува во такви моменти е едноставно забавна за многумина, а малите зависници од адреналин, какви што често се децата, всушност би можеле да уживаат во тоа.
Но, во нашево модерно време и во поплавата од вирални видеа кои често знаат за кратко време да направат познати цели семејства, многумина знаат да го изгубат компасот во оваа област. А многумина го губат компасот и без желба за слава. Еден од доказите за тоа се „шегите“, односно предизвиците во кои учествуваат деца. И, добро, даваме шанса и во овој случај, шанса да има предизвици во кои децата се сосема добро и не се повредени во никаква смисла. Но постојат и оние другите. Помеѓу овие други, за кои се прашуваме зошто некој родител би помислил да го направи ова, е предизвикот наречен #ghostprank, а во главната улога – децата.

Значи, целта е да се преплаши детето – со дух. Со духот што може да се најде меѓу филтрите на апликациите. И, да се остави детето само. Заклучете го во соба. Можеби дури и да го исклучите светлото.
Замислете го ова: ве внесуваат во соба, ве ставаат пред камера, се гледате себеси, а потоа одеднаш некаде над вас, во истата просторија, се појавува страшно суштество, дух или нешто друго необично. Лебди над вас или застанува до вас. А тие што беа со тебе во собата истрчаа, го изгаснаа светлото и те затворија внатре.
Дали ви се чини дека ова е нешто што може да исплаши дури и возрасен? Да, може. Многу често на видеата – кои родителите ги објавуваат, секако – децата плачат, врескаат, панично се обидуваат да избегаат од собата. Истото би го направиле дури и некои возрасни кога би виделе дух или кое било друго ужасно суштество во просторијата каде што се наоѓаат. А тие се – деца. Дури и ако го оставиме настрана фактот дека детето може да биде многу исплашено, па дури и да доживее трајна траума, останува фактот дека детето може дури и да се повреди. Особено ако е темно, а детето е дефинитивно преплашено и сака да побегне. Може да удри со глава, да падне, да налета на нешто, да скрши нога, рака… Дури и ако го оставиме на страна фактот дека детето може да се преплаши.
Но, нема да го оставиме настрана. Бидејќи овој вид на траума може да биде многу траен и да остави последици. Невообичаено е да се верува дека детето „брзо ќе го заборави“.

Не, нема, се согласуваат психолозите, ваквата траума може да остави последици врз детето доживотно. Сигурно можете да се сетите на некој настан од вашето детство на кој сè уште се сеќавате како на трауматичен. А што ако еден таков настан ви приредат сопствените родители? Траумата може да биде само подлабока. Мислиме дека не сакате вашето дете да ги гледа своите родители како некои што ќе го изневерат само за да објават видео на интернет и да добијат лајкови, нели? Се надеваме дека овие и слични предизвици нема да ви паднат на памет или дека нема да го вклучите вашето дете во нив. Тоа што си го правите себеси, го правите по своја волја и свесно. Но, не го вклучувајте детето! Едноставно не вреди!

Повеќе