Никој никого не тепа, а сепак е насилство! За психолошкото киднапирање на децата познато како отуѓување

Отуѓувањето на децата е најсуровиот облик на семејно насилство. Родителот што отуѓува е насилник, детето е оружје или алатка за казнување на другиот родител – таргетираниот родител. Значи, детето и таргетираниот родител се овде жртви на тешка и подмолна форма на психичко насилство.

1.102

Отуѓувањето на децата е онаа појава кога детето одбива контакт со еден од родителите, а поради манипулација од страна на другиот родител, на пример, постојано кажување многу грди приказни за другиот родител.

Отуѓувањето најчесто се случува при развод, а може да се случи и во семејство каде што родителите не се разведуваат. Родителот со кој детето одбива контакт стручно се нарекува таргетиран родител, а родителот кој го поттикнува детето против другиот родител се нарекува стручно родител алиенатор или отуѓувач.

Родителот што отуѓува може да користи различни тактики. На пр. мајката може да ѝ каже на ќерката дека таткото е многу лош и дека го растурил семејството, нашол друга жена, дека ги оставил на цедило и дека таткото воопшто не ја сака и не ѝ се јавува, додека во реалноста таткото ја повикува мајката за да се обиде да ја добие ќерката на телефон, но мајката одбива да дозволи контакт на нејзиниот поранешен сопруг со детето. Децата подеднакво ги отуѓуваат и мајките и татковците. Во главата на детето се создава конфликт и детето разбира дека колку помалку контакти има со таргетираниот родител, толку повеќе ќе ја обезбеди љубовта на родителот што отуѓува.

Детето разбира дека некако треба да избере еден родител и полека почнува да демонстрира чувства и однесувања како: гнев, бес и на крајот омраза кон таргетираниот родител. Во последната точка на отуѓување, детето одбива контакт со тој родител, најверојатно со сите роднини кои се поврзани со тој родител. На пример, ако таткото го отуѓил детето од мајката, детето на крајот одбива контакт не само со мајката, туку и со бабата и дедото по мајка.

Детето е всушност психолошки киднапирано, целосно отуѓено од едниот родител и неговото семејство, иако никогаш претходно немало лоши односи со тој родител. Отуѓувањето на децата може да се случи речиси преку ноќ. Во мојата психотерапевтска пракса сум сретнал деца кои по три дена поминати со родителот што отуѓува, повеќе не сакаат никаков контакт со другиот родител со кој до вчера имале нормален контакт. По ваквото психолошко киднапирање, цели семејства се уништени. Детето останува oпустошено за љубовта на еден од родителите, а тој родител и неговите роднини носат слики и спомени од нивната ќерка, син, внука или внук кој шета жив по оваа земја, но е толку далечно и веројатно никогаш нема да го видат или да ја видат повторно во нивниот живот бидејќи детето е психички целосно киднапирано. Отуѓувањето на децата е најсуровиот облик на семејно насилство. Родителот што отуѓува е насилник, детето е оружје или алатка за казнување на другиот родител – таргетираниот родител. Значи, детето и таргетираниот родител се овде жртви на тешка и подмолна форма на психичко насилство.

Приказната на еден отуѓен татко

Б.Л ја обожаваше својата ќерка Анита. Имал тешко детство. Со неодговорен татко, тој и неговите браќа поминале не само напуштање од татко им, туку и сиромаштија. Мајка им се борела да заработи пари, но тоа било тешко време за целото семејство. Материјално било едвај издржливо за нив. Сепак, таа мајка воспитала прекрасни деца и во такви тешки услови. Б.Л имал ангелско срце и се што сакал било да не биде без пари и неговата ќерка да не остане без татко како тој.

Спомените од лошите детства болат и понекогаш единственото нешто што сакаме е да направиме корекција. Да коригираме се што можеме за нашите деца да не завршат како нас кога сме биле мали. Работел крвнички. Тој бил еден од најдобрите фризери во Штутгарт. Во психотерапијата, го следев неговиот тежок пат кој го поминал од напуштањето на салонот на сопственикот за кој работел до отворањето на сопствен салон. Попатно имало период на невработеност, период на страв дали ќе успее, период кога заедно пресметавме на психотерапија како да оставиме доволно пари од заштедата и по малку шишање по куќи, за него и за ќерка му до отворањето на неговиот салон. И успеал. Тој беше цврста и издржлива, борбена личност која знаеше како да преживее без проблем и да сподели со сите колку што може повеќе кога работите се одвиваат добро. Боледувал од гастритис од психосоматски карактер и поради стрес имал стомачни болки.

За време на викендите се гледал со својата сакана ќерка Анита, која живеела со нејзината мајка, од која тој се развел. Нашите психотерапевтски сесии често се вртеа околу неговата љубов кон неговата ќерка, а една вечер на психотерапијата присуствуваше и малата Анита.

Ми кажа за нејзиниот папи (така го викаше) и колку ѝ е убаво да биде со него. Б.Л живеел за денот кога ќе ја види Анита и во текот на работната недела се трудел да работи до исцрпеност за да може да биде галантен кон неа за викендите. Сакал таа да има се што ќе посака. И така било. Се до еден ден…

До денот кога Анита престанала да му се јавува на телефонот на тато…затоа што мајка ѝ не ѝ дозволувлаше. До денот кога не дошла кај татко ѝ првиот викенд…затоа што мајка ѝ не ѝ дозволувала. Поминале денови и недели. Б.Л почнал сериозно да се грижи. Ниту трага ни глас од неговата сакана ќерка. Поранешната сопруга- мајката на Анита ладно му рекла дека Анита не сака да оди кај него за викенд бидејќи се пожалила дека ѝ пречат разни работи во неговата куќа и давала многу оправдувања како причини зошто нејзината ќерка не сака да го гледа и да се слуша со него. Тие злонамерни изговори на мајката беа всушност чисто ѓубре. Во психотерапијата смислувавме тактика за да се обидеме да ја убедиме мајката на Анита да му дозволи да ја види ќерката. Знаевме дека се работи за психичко киднапирање на детето. Анита била отуѓена од нејзината мајка од страна на нејзиниот татко. Во тие месеци Б.Л. страдаше. Ментално и физички.

Ако некогаш сте се запрашале како изгледа и се чувствува таргетиран родител (родител од кој детето е отуѓено) во психотерапија, ќе ви кажам. Страда затоа што е жртва на подмолен облик на семејно насилство. Насилство во кое никој никого не тепа и не удира. Насилство во кое никој никому не му вика. Насилство во кое душата на едниот родител и душата на детето се целосно тивко опустошени. Дете кое не може да признае дека сака да го види другиот родител. Таа желба треба да ја потисне во себе. Мора затоа што во својата глава ги разбира пораките што ги испраќа родителот што отуѓува. Дека другиот родител е лош, дека мора да го исфрли од својот живот, дека мора да остане верно на барањата на семејството. Детето ќе се однесува така, а некаде внатре ќе се надева дека таргетираниот одител во текот на животот сепак нема да се откаже од него, иако ќе го третира како повеќе да не го сака за мајка или татко.

Б.Л, како и сите татковци во оваа ситуација, имал дилема дали да се откаже од својата Анита ако таа повеќе не го сака за татко. Не знаеше како да продолжи да се бори за својата ќерка која повеќе не го сакаше. Еден ден, со сè понапреден гастритис од тага и стрес поради ќерката, застана пред зградата во која живееше малата Анита и среде Штутгарт пред таа зграда се слушале извици: Анитааааа, Анитааааа, Анитааа!!! Таткото го извикувал нејзиното име со надеж дека таа ќе го слушне и дека ќе ѝ даде до знаење дека нема да се откаже од неа, дека ја сака и да ѝ даде до знаење дека татко ѝ мисли на неа. Ја чекал и едно утро пред училиштето без нејзината мајка да знае само за да ја прегрне. Малата Анита се плашела да му пријде бидејќи знаела дека мајка ѝ ќе ја искара, но тој тој ден успеал да добие една мала прегратка, за која малата Анита се надевала дека нејзината мајка нема да ја критикува. После тоа завршил на неколку дена на инфузија бидејќи физички состојбата му се влошувала поради отуѓувањето од ќерката. Но, тој не се откажа. Борец како Б.Л не се откажува или ќе ја види ќерката или нека умре – така мислеше. На крајот на краиштата, што го прави значаен животот без неговото дете, се запрашал тој? Ги алармирал сите можни институции во Штутгарт – од социјални работници до суд и по неколкумесечна борба можел да се види со Анита.

Морале повторно да поработат на воспоставување контакт затоа што децата кои биле отуѓени се плашат, збунети се и очекуваат да бидат казнети од родителите кои отуѓуваат доколку повторно ве примат, но скришно некаде внатре се надеваат дека никогаш нема да се откажете од нив. Дури и ако сте видливо одбиени.

Текстот е од ТУКА.

„Тато, те слушнав таа вечер кога го извикуваше моето име пред зградата. Знаев дека си таму и знаев дека ме сакаш. Но, моето срце чукаше и се плашев што ќе каже мама ако ти се јавам… биле зборовите на малата Анита кога повторно почнала да се гледа со својот татко Б.Л.

Ако вие и вашето дете сте жртви на отуѓување, не се откажувајте од борбата…никогаш. Оваа приказна е вистинита и напишана со дозвола од Б.Л. Таа е тука за да ве поттикне и да ве поддржи да го препознаете психолошкото киднапирање на вашето дете и да ве поттикне да не се откажувате од вашето дете дури и ако ве одбие, па дури и ако треба да се борите преку суд за повторно да го видите своето дете.

Повеќе