Ниту казна, ниту награда! Користењето на храната како поткуп може да доведе до емоционално прејадување кај децата
Студијата, објавена во списанието Appetite, се обидела да открие дали принудувањето од страна на родителите да јаде, односно користењето на храната за контролирање на емоциите на детето е одговорно за емоционалното прејадување кое може да се појави.
Децата сакаат храна – храна која им е вкусна. Сакаат слатки, сакаат бисквити, сакаат смоки, чипс и разни други грицки.
И сето ова е во ред да му се даде на детето во одредени количини, дозирани, добро осмислени.
Но, кој од нас родителите никогаш не прибегнал кон методот на поткуп? Го знаете она, детето не сака да седи во автомобилското седиште и да се смири, па му кажувате дека може да го изеде мафинот што го чека штом ќе дојде дома.
Или кога има напад на бес во трговскиот центар? Првиот бисквит што ќе го најдете ќе се најде во малото раче.
И сето тоа е сосема во ред, сите се снаоѓаме најдобро што знаеме во момент кога едноставно немаме нерви или време да се справиме со испади, фрлање работи, плачење и слично.
Секој разумен родител ќе разбере за што се работи. Но, една нова студија вели дека тоа не треба да се прави, бидејќи таквите „тактики за присилна исхрана“ можат да имаат несакани ефекти и да резултираат со емоционално прејадување.
Претходните истражувања покажале дека емоционалното одбивање на храна – одбивање храна кога детето е вознемирено – отстапува место за емоционално прејадување во предучилишните години, а тоа е она што ги навело истражувачите од Универзитетот во Северна Флорида да ги истражат факторите кои би можеле да влијаат на таквата промена.
Емоционалното прејадување или јадењето како одговор на емоциите може да има долгорочни негативни ефекти, како што се нездрави обрасци на исхрана, проблеми со тежината и развој на нарушувања во исхраната.
Студијата, објавена во списанието Appetite, се обидела да открие дали принудувањето од страна на родителите да јаде, односно користењето на храната за контролирање на емоциите на детето е одговорно за емоционалното прејадување кое може да се појави.
За таа цел, истражувачите регрутирале 221 мајка на четири и петгодишни деца, а биле вклучени само мајките кои биле експлицитно подготвени да бидат доследни. Сите учесници прво пополниле анкета, каде што ги опишале практиките на хранење и однесувањето на детето во однос на храната.
Мајките морале да му понудат храна на детето во четири различни услови: да ги регулираат емоциите на детето, како награда, да понудат храна во емоционално набиени ситуации и да користат храна за поттикнување или обесхрабрување на одредени однесувања.
Мајките требало да ја проценат и да дадат извештај за способноста на нивните деца да ги регулираат своите емоции, а меѓу другото, анкетата ги прашувала мајките дали децата јаделе повеќе или помалку како одговор на различни сценарија.
Неочекувано, студијата покажала дека секоја практика на принудно хранење – односно поткупување со храна за да се смири ситуацијата – значела полоша емоционална регулација кај децата, а тоа потоа било поврзано со зголемена тенденција за емоционално прејадување.
Додека истражувањата докажале дека компулсивното јадење е поврзано со способноста за регулирање на емоциите, другата крајност не е поврзана, ако треба да се верува во истражувањето. Затоа, одбивањето храна не е нешто што детето може да го научи од родителите преку постојани практики, туку тоа е едноставно природна реакција на стресот.
Иако студијата има ограничувања, бидејќи се заснова на самоизвестување и краткорочни податоци, како и на фактот дека проценката ги опфатила само мајките, се смета дека резултатите укажуваат на важна врска помеѓу однесувањето на мајките и преференциите за исхрана на децата.
Значи, следниот пат кога ќе почнат солзите без оправдана причина, можеби треба да се воздржите од поткупување со бонбони?