Образовниот систем во Данска вклучува и учење на емпатија

Во образовниот систем на Данска постои и програма Без насилство, во која се вклучени деца од три до осум години, а во рамките на која зборуваат за насилството од врсниците и задевањето и учат да бидат погрижливи кон другите.

49

Данскиот образовен систем има задолжителна национална програма наречена „Чекор по чекор“, која се спроведува од предучилишна возраст. На децата им се прикажуваат слики од детски лица кои покажуваат различни емоции: тага, страв, лутина, фрустрација, среќа итн.

„Децата зборуваат за овие слики и се обидуваат со зборови да го искажат она што прикажаното дете го чувствува, а со тоа учат да ги препознаваат своите и туѓите емоции. Така учат емпатија, решавање проблеми, самоконтрола и читање на туѓите изрази на лицето“, пишува Ибен Дисинг Сандал во книгата Данско образование на децата.

Клучната карактеристика на таа програма е што водителите и децата не ги проценуваат емоциите, туку само ги препознаваат и ги почитуваат.

Друга програма, CAT сет, добива сè поголема популарност. Служи за зголемување на емоционалната свест и емпатија и е фокусирана на вербализирање на искуства, мисли, чувства и сензации.

„CAT сет содржи картички со претстави на лица, мерни стапчиња за мерење на интензитетот на емоциите и прикази на човечко тело во кои учесниците можат да ги нацртаат физичките видови на емоции и местата на емоциите во телото. Тој содржи и прибор наречен Мој круг, така што децата ги цртаат своите пријатели во различни делови од кругот, членови на семејството, професионалци и странци, што им помага да го разберат местото на другите луѓе во нивните животи“, продолжува Сандал.

Во училиштата, децата кои не сакаат да споделуваат седат покрај дарежливите деца

Постои и програма Без насилство, во која се вклучени деца од три до осум години, а во рамките на која зборуваат за насилството од врсниците и задевањето и учат да бидат погрижливи кон другите.

Друг, помалку очигледен, пример за учење на емпатија во данските училишта е спарувањето на деца со различни силни и слаби страни. На пример, учениците кои се подобри во учењето седат до ученици кои не се толку добри во учењето, дете кое не сака да споделува седи покрај дарежливо дете итн.

„Целта е учениците да видат дека секој има позитивна особина и да се обидат да си помогнат едни на други да стигнат до следното ниво. Таквиот систем поттикнува соработка, тимска работа и почит“, вели Сандал.

Емпатијата е клучна карактеристика

Емпатијата е еден од клучните фактори за лидерски, претприемачки, менаџерски и деловен успех. Го намалува насилството од врсниците, ја зголемува способноста за простување, во голема мера ги подобрува меѓучовечките односи и ја зајакнува социјалната кохезија.

„Истражувањата покажуваат дека емпатичните тинејџери се поуспешни од нивните понарцисоидни врсници затоа што се водени од целта. Ако размислите малку за тоа, ќе сфатите дека има смисла. Успешните луѓе не работат сами, на секој од нас му треба поддршка на другите да постигнеме позитивни резултати“, нагласува Сандал.

Можеби активното учење на емпатијата кај децата, по примерот на Данска, би ги направило посреќни возрасни во иднина.

Повеќе