Од гледање телевизија до зависности: Како се одразува седењето пред екран повеќе од два часа дневно врз децата

Децата кои гледаат повеќе од два часа телевизија дневно имаат поголема веројатност да станат зависни од коцкање, цигари, дрога и алкохол кога ќе пораснат, пишува Дејли Мејл.

392

Научниците од Нов Зеланд ги проучувале податоците на 1000 луѓе од времето кога биле деца до нивната 45-та година. На секои две до шест години се спроведувале анкети за тоа колку често гледаат телевизија, но и дали се коцкаат, пијат или се дрогираат.

Резултатите покажале дека оние кои гледале повеќе од два часа телевизија дневно на возраст од пет до 15 години имале дури 29 отсто поголеми шанси да имаат проблеми со коцкањето како возрасни отколку оние кои поминувале помалку време гледајќи во екраните. Тие, исто така, имале 20 проценти поголема веројатност да бидат зависници од цигари, алкохол и дрога во споредба со оние кои поминувале помалку време пред екранот.

Ова е крајно загрижувачка информација бидејќи една неодамнешна студија покажа дека децата во Америка поминуваат во просек до четири часа гледајќи телевизија, таблет или некој друг екран.

„Ова истражување покажува дека за некои луѓе гледањето телевизија може да биде ран израз на нарушување на зависност или може да доведе до подоцнежно нарушување на зависност. Сепак, нашите резултати се набљудувачки, што значи дека сè уште не сме успеале да докажеме дека гледањето телевизија го зголемува ризикот од проблематично однесување кај сите деца. Во овој случај, не можеме да исклучиме други фактори како што се генетиката, влијанието на родителите или отсуството на социјална поддршка“, објаснува Хелена МекАнали, експерт за превентивна медицина од Универзитетот во Отаго и една од авторките на споменатото истражување.

Повеќе