Одложување на првото капење кај новородените бебиња – Нов тренд при породувањето

Одложувањето на капењето главно се прави за да може бебето да остане подолго со мајката и да ја стабилизира неговата телесна температура, а има и некои здравствени придобивки. Лекарите тврдат дека слојот на кожата со кој се раѓа бебето не треба да се мие или брише бидејќи помага да се зајакне имунитетот на бебето и ја прави неговата кожа хидрирана.

1.899

Речиси во сите породилишта ширум светот, вообичаено е бебето да се капе веднаш по раѓањето или откако ќе помине кратко време на градите на мајката. Но, кај родилките има нов тренд – одложување на капењето.

Иако тоа е речиси правило кое се почитува во целиот свет, новопечените мајки почнаа да следат тренд кој е целосно спротивен на тоа. Имено, тие бараат бебето да не се капе ниту неколку дена по породувањето. Бројот на мајки кои ја почитуваат оваа практика се зголемува затоа што постои верување дека колку подолго е тој слој на бебето, толку побрзо ќе дојде до поврзување и полесно ќе се премине кон доење. Некои мајки кои го практикувале овој тренд велат дека бебињата мирисаат прекрасно и дека бебињата не се капеле ниту четири дена по породувањето.

Не можеме а да не се запрашаме дали овие мајки знаат нешто што ние не го знаеме или станува збор само за празни верувања?

Придобивките од одложувањето на првото капење

Научниците велат дека има дури и неколку предности кога станува збор за одложување на првото капење, но прво да објасниме што е верникс, белузлавиот слој што го покрива бебето по раѓањето. Тој почнува да се формира на кожата околу 18-та недела од бременоста. Неговата функција е да ја хидрира кожата на бебето и да ја заштити внатре во матката, но и по раѓањето. Во матката тој ја хидрира кожата и го олеснува поминувањето на бебето низ породилниот канал, а по породувањето ја штити кожата на бебето од влијанијата од надворешниот свет.

Некои стручњаци велат дека тоа е како кога на телото ќе нанесете премногу хидратантна, мрсна крема која не се апсорбира, а потоа едноставно ќе го избришете или измиете вишокот. Во прилог на тоа говори и фактот што плодовата вода во матката создава совршени услови за живот на бебето и не може да биде толку лошо што целиот тој слој да остане на кожата на бебето подолго време по раѓањето. Амнионската течност што останува на кожата на бебето го поттикнува производството на витамин К.

Треба да се напомене дека одложувањето на првото капење не е нова практика, но во последно време повеќето родители сакаат да чекаат најмалку 12 часа пред да го искапат своето бебе за прв пат. Одложувањето на капењето главно се прави за да може бебето да остане подолго со мајката и да ја стабилизира неговата телесна температура, а има и некои здравствени придобивки. Лекарите тврдат дека верниксот не треба да се мие или брише бидејќи помага да се зајакне имунитетот на бебето и ја прави кожата на бебето хидрирана. Доволно е само по породувањето нежно да се избрише бебето.

Капењето на бебето веднаш по раѓањето значи одвојување од мајката, што не им одговара на родилките, особено на оние кои имале прилично напорно и тешко породување.

Повеќе