Откриен е маркер кој може да укаже на ризик од синдром на ненадејна смрт на доенчиња

Тим австралиски истражувачи открија биохемиски маркер во крвта што може да помогне да се покаже кои бебиња се изложени на ризик за синдром на ненадејна смрт (SIDS), што е напредок кој го отвора патот кон идни интервенции за спречување на трагедии.

215

Синдромот на ненадејна смрт на доенчиња (СИДС) е документиран низ историјата, па дури и се појавува во Библијата – но досега не е прецизирана точната причина за овој феномен.

Сега, новото и револуционерно истражување, спроведено од научничка која изгубила бебе од СИДС пред речиси 30 години, веројатно нашло солиден одговор кој во голема мера ќе помогне во проучувањето на синдромот во иднина. Студијата беше спроведена во Детската болница Вестмед во Сиднеј и беше објавена во најновото издание на The Lancet’s eBioMedicine, претстојното издание за јуни 2022 година.

Со години, научниците веруваа дека СИДС – ненадејната смрт на новороденче за време на спиењето во првата година од животот – е поврзана со „грешка“ што предизвикува некои бебиња да не се преплашат или да не се разбудат ако престанат да дишат додека спијат. Но, досега никој не знаеше која е точната причина за тоа. Оваа студија покажала дека ензимот бутирилхолинестераза (BChE) – ензим витален за возбудување на мозокот – е значително помал кај бебињата кои умреле од СИДС.

Тим австралиски истражувачи открија биохемиски маркер во крвта што може да помогне и да покаже кои бебиња се изложени на ризик од синдром на ненадејна смрт на доенчиња (SIDS), напредок за кој велат дека го отвора патот за идни интервенции за спречување на трагедии.

Во нивната студија, бебињата кои умреле од СИДС имале пониски нивоа на ензимот наречен бутирилхолинестераза (BChE) веднаш по раѓањето, велат истражувачите. BChE игра главна улога во возбудувањето на мозокот, а ниските нивоа би ја намалиле способноста на заспаното бебе да се разбуди или да реагира на околината.

Наодите не само што нудат надеж за иднината, туку и одговори за минатото, се вели во изјавата на водачот на студијата, д-р. Кармел Харингтон од детската болница Вестмед, Австралија.

„Навидум здраво бебе кое легнува и не се буди навечер е кошмар за секој родител и досега немаше апсолутно никаков начин да се знае кое дете ќе подлегне“, вели Харингтон. Таа додала дека тоа повеќе не е така.

„Го најдовме првиот маркер што укажува на ранливост пред смртта“, вели таа.

Користејќи примероци од крв земени при раѓање како дел од програмата за скрининг на новороденчиња, тимот на Харингтон ги споредил нивоата на BChE кај 26 бебиња кои подоцна починале од СИДС, 41 бебе кое починало од други причини и 655 преживеани бебиња.

Фактот дека нивоата на ензими биле значително пониски кај новороденчињата кои подоцна починале од СИДС, сугерира дека овие бебиња се инхерентно ранливи на дисфункција на автономниот нервен систем, кој ги контролира несвесните и неволните функции во телото, велат истражувачите.

Мрежа на детски болници во Сиднеј, Австралија го нарекоа откритието „прво откритие во светот“.

Неможноста или неуспехот да се разбуди детето кога е соодветно „долго време се смета за клучна компонента на ранливоста на новороденчето“ на СИДС, рекол истражувачкиот тим за The Lancet’ s eBio Medicine.

СИДС е необјаснета смрт на навидум здраво дете додека спие. Харингтон го изгубила своето дете од СИДС пред 29 години и ја посветила својата кариера на истражување на состојбата, се вели во соопштението.

Понатамошни истражувања „треба да се направат итно“ за да се утврди дали рутинското мерење на BChE потенцијално може да помогне да се спречат идни смртни случаи од СИДС, велат истражувачите.

Повеќе