Ова се најраните симптоми со кои можеме да препознаеме дека детето има АДХД

Според клиниката Мајо, оваа состојба погодува милиони деца и често продолжува во зрелата возраст. АДХД вклучува комбинација од различни проблеми како што се тешкотии во одржувањето на вниманието, хиперактивност и импулсивно однесување.

2.796

Нарушувањето на хиперактивноста со дефицит на внимание (АДХД) е хронично невро-развојно нарушување кое предизвикува децата често да не можат да се фокусираат на одредени задачи и да се однесуваат импулсивно. Според клиниката Мајо, оваа состојба погодува милиони деца и често продолжува во зрелата возраст. АДХД вклучува комбинација од различни проблеми како што се тешкотии во одржувањето на вниманието, хиперактивност и импулсивно однесување.

Децата со АДХД може да имаат и проблеми со ниска самодоверба, проблематични односи со врсниците и слаби училишни перформанси. Симптомите понекогаш се намалуваат со возраста. Сепак, некои луѓе никогаш целосно не ги надминуваат симптомите на АДХД. Со оглед на тоа дека се работи за хронична состојба, ова нарушување не може да се излечи. Сепак, одредени лекови и интервенции во однесувањето можат многу да помогнат во ублажувањето на симптомите.

Психолозите нагласуваат дека раното препознавање на симптомите на АДХД кај децата е исклучително важно за да им се овозможи што полесно да функционираат во општеството. Токму затоа е многу важно да се реагира навреме веќе при појавата на раните симптоми, кои го вклучуваат следново:

невнимание
импулсивност
хиперактивност.
Примарните карактеристики на АДХД вклучуваат невнимание и хиперактивно-импулсивно однесување. Симптомите на АДХД започнуваат пред 12-годишна возраст, а кај некои деца, тие се видливи уште на тригодишна возраст. Симптомите на ова нарушување може да се разликуваат, па кај некои деца тие можат да бидат благи, додека кај други деца се малку потешки. Исто така, многу студии покажуваат дека АДХД почесто се јавува кај момчињата отколку кај девојчињата.

Повеќе