Дехидрацијата кај децата може да биде опасна – еве како да ги препознаете првите знаци

Дехидрацијата кај децата се јавува почесто отколку кај возрасните поради нивниот многу поактивен дневен ритам

1.055

Топлото време, жештината, активноста, но и недоволно развиената навика и свесност за потребата од пиење вода – најчесто доведува до дехидрација кај децата во летниот период.

За среќа, постојат неколку начини да се избегнат опасните последици кои дехидрацијата може да ги донесе по здравјето на детето.

Првата работа е – превенција!

Како да се спречи дехидрација кај децата во лето?

Воведете го пиењето вода како навика во текот на денот – детето треба да стекне навика да пие вода.

Се препорачува да се пие една чаша вода пред оброк, како и пред и после спиење.

Покрај тоа, топлината и активноста носат зголемено потење – што значи дека е зголемена и потребата за пиење вода во текот на летото – затоа воведете друго правило, како на пример – пред да одат да играат, секогаш кога ќе седнат да одморат или кога ќе почувствуваат дека им е топло – доволно е секој пат да испијат по неколку голтки и да останат хидрирани.

Освен со вода за пиење, детето може да се хидрира и со конзумирање на овошје и зеленчук кои содржат голем процент на вода.

Се препорачува на вашето дете да му понудите овошје како лубеница, праска, диња, но и свеж зеленчук – домати, краставици…

Омиленото шишенце со вода е секако уште еден начин да го научите вашето дете редовно да пие вода – затоа нека си избере некое и секогаш нека го носи со себе.

Ваше е само да проверите дали секогаш имаат свежа вода во шишето и да ја одржувате хигиената на истото.

Друг начин да се спречи дехидрација кај децата во лето е да се избегне изложување на сонце и престој надвор во најтоплиот дел од денот.

Тоа нека биде период за одмор и разладување под сенка, во затворен, проветрен и климатизиран простор.

Како да ги препознаете симптомите на дехидрација кај децата?

Првите симптоми се најблаги, но сепак претставуваат аларм и знак дека е време да се реагира:

сува уста и јазик,

намалена фреквенција на мокрење или темна урина,

сува кожа,
главоболка, замор и вртоглавица.

Умерени симптоми:

намален број на солзи при плачење,

сува и ладна кожа,

забрзан пулс,

забрзано дишење,

раздразливост,
слабост.

Тешки симптоми на дехидрација:

значително намалено или целосно отсуство на мокрење,

многу сува кожа која ја губи еластичноста (тестирајте со нежно штипкање на кожата, која треба брзо да се врати ако е еластична, а ако не е – белегот на штипкање ќе остане подолго)

вовлечени очи,

низок крвен притисок,

брз и слаб пулс,

конфузијаз,
летаргија,
несвестица.

Какви последици по здравјето на детето може да остави потешката форма на дехидрација?

Летото и екстремните горештини можат да доведат до дехидрација кај децата, а доколку не реагирате навреме, постои опасност по општото здравје на детето, како што се:

Оштетување на органи – срцето, бубрезите и мозокот може сериозно да се оштетат.
Топлотен удар – особено во топли услови, дехидрацијата може да доведе до топлотен удар, поради што е многу важно веднаш да се дејствува и да се побара лекарска помош.

Хиповолемичен шок – сериозна состојба како резултат на намален волумен на крв, што може да биде опасно по живот.
Во екстремни случаи, нетретирана дехидрација може да доведе до смрт.

За какви било промени во однесувањето на детето или сомнителни здравствени проблеми – најдобро е да се консултирате со лекар и да побарате стручна помош.

Повеќе