По што се специфични ковид-бебињата? Децата родени во пандемијата покажуваат две фасцинантни биолошки промени

Карантинот за време на пандемијата „Ковид-19“ довело до две фасцинантни промени во телата на бебињата, покажало истражувањето на ирските научници

1.130

Научниците од Универзитетот во Корк во Ирска откриле дека децата родени за време на пандемискиот карантин имаат променет цревен микробиом – екосистем на „добри“ и „лоши“ бактерии во цревата кои го помагаат варењето, ги уништуваат штетните бактерии и помагаат во контролата на имунолошкиот систем. Утврдено е дека биомот е покорисен кај доенчињата родени за време на пандемијата.

Истражувачите веруваат дека ова довело до тоа, ковид-бебињата да имаат помалку од очекуваните стапки на алергиски состојби како што се алергиите на храна, во споредба со бебињата родени пред пандемијата. Исто така, им требале помалку антибиотици за лекување на болестите.

Истражувачите анализирале примероци од столицата од 351 ирски бебиња родени во првите три месеци од пандемијата, помеѓу март и мај 2020 година и ги споредиле со примероци од бебиња родени пред пандемијата. Примероците од столицата се земани на возраст од 6, 12 и 24 месеци, а тестирање за алергија е направено на возраст од 12 и 24 месеци.

Било откриено дека новороденчињата родени за време на пандемијата имаат повеќе корисни микроби добиени од мајката по раѓањето кои би можеле да дејствуваат како одбрана од алергиски болести. Бебињата родени за време на пандемијата имале помали стапки на алергии: Околу пет проценти од бебињата развиле алергија на храна до една година, во споредба со 22,8 проценти од бебињата родени пред Ковид.

Ковид-бебињата исто така се доени подолго
Истражувачите велат дека мајките им пренесувале корисни микроби на своите бебиња додека биле бремени, а тие добивале дополнителни микроби од околината по раѓањето.

Студијата исто така покажала дека бебињата родени за време на карантин имале помалку инфекции бидејќи не биле изложени на вируси и бактерии. Ова значи дека им требале помалку антибиотици. Исто така, бебињата родени за време на заклучувањето биле доени подолго време, што давало дополнителни придобивки.

Од ковид-бебињата, само на 17 проценти од доенчињата им требал антибиотик до првата година од животот. Пред пандемијата, 80 отсто од бебињата земале антибиотици до наполнети 12 месеци.

Истражувачите се надеваат дека повторно ќе ги испитаат децата кога ќе наполнат пет години за да видат дали има долгорочни ефекти од раните промени во цревниот микробиом. Студијата е објавена во списанието Allergy.

Повеќе