Поради сиромаштија ги продаваат бубрезите, трговците ги лажат дека ќе им пораснат нови: Хоксе во Непал е познато како „Село на бубрезите“

Трговците со органи редовно ги посетуваат Хоксе и околните села во округот Каврепаланчок, во Непал и користат голем број трикови и тактики за да ги принудат жртвите да ги дадат своите витални органи. Еден од нив е да играат на картата на нивната наивност – да им кажат дека делот од телото повторно ќе им порасне.

640

Една мајка од селото Хоксе, во Непал, раскажала за Дејли Мејл дека продала бубрег за да му купи куќа на своето семејство – за истата да биде уништена во земјотресот во Непал.
Гета живее во Хоксе, Непал – наречено „Село на бубрези“ – затоа што речиси сите луѓе што живеат таму им ги продале своите бубрези на трговци со органи.

Убедена да продаде еден од нејзините витални органи за само 1.300 фунти од страна на нејзината золва, 37-годишната Гета, отпатувала во Индија кадешто ѝ го извадиле бубрегот.

Таа потрошила дел од парите за купување парцела во Хоксе – 12 милји источно од Катманду – а остатокот го искористила за да изгради куќа од камен.

Но, мајката на четири деца е бездомник откако разорниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтер ја претворила куќата во урнатини.

Односно, живее во грубо изградена колиба со ѕидови од најлони и покрив од тенки листови од брановидно железо.

Но, Гета не е сама. Повеќето од возрасните мажи и жени кои живеат во Хоксе биле во искушение да заработат и да продадат еден од нивните здрави бубрези на таканаречените „брокери за органи“ во Непал.

Трговците со делови од тело редовно ги посетуваат Хоксе и околните села во округот Каврепаланчок и се обидуваат да ги убедат оние што живеат таму да ја завршат работата во јужна Индија, каде што трговијата со органи е голем бизнис.

Тие користат голем број трикови и тактики за да ги принудат жртвите да ги дадат своите витални органи. Еден од нив е да играат на нивната наивност – и да им кажат дека делот од телото повторно ќе им порасне.

Тоа беше трикот користен за да се измами Гета, што конечно ја убедило да продолжи со операцијата.

„Десет години луѓето доаѓаа во нашето село обидувајќи се да не убедат да ги продадеме нашите бубрези, но јас секогаш велев не“, рекла таа.

Но, водена од нејзината желба да обезбеди куќа и земја за нејзиното растечко семејство, таа на крајот отишла со сестрата на нејзиниот сопруг во Индија.

„Отсекогаш сум сакала своја куќа и парче земја, а со повеќе деца, навистина ми требаше“, објаснила Гета.

Операцијата траела само половина час, но таа останала во болница три недели.

„Кога се разбудив по операцијата, чувствував како ништо да не се случило и бев изненадена што тоа веќе беше направено“, рекла таа.

„Тогаш ми платија 200.000 непалски рупии (1.300 фунти) за мојот бубрег и отидов дома во моето село за да купам своја куќа и малку земја“, продолжила таа, опишувајќи го сонот на многу Непалци да поседуваат сопствен дом.

Но, нејзиниот сон се претворил во урнатини кога разорниот земјотрес ја опустошил земјата, убивајќи 8.800, а повредил најмалку 23.000.

За Гета и нејзиниот сопруг, кој исто така продал бубрег и за остатокот од жителите на „Селото на бубрези“, катастрофата значела дека тие се бездомници – и дека го ставиле своето здравје на коцка за ништо.
Депресивни, голем број жители таму се свртеле кон алкохолот за да ја удават својата тага, бидејќи нивното здравје полека се влошува.

И по земјотресот, се зголемил бројот на Непалци кои очајни за пари се свртувале кон фармите за органи како извор на приход.

Растечката трговија ја претворила земјата во „банка за бубрези“, за која медицинските експерти предвидуваат дека бројот на луѓе во земјата што ќе го направат тоа веројатно ќе се удвои во наредните години.

Финансиски очај

Канха и Рам ги продале своите бубрези, водени од финансиски очај. Канха сѐ уште има болки и не може да работи поради несаканите ефекти од операцијата. „Невозможно е да се изброи колкумина го направиле тоа“, вели тој.

Двајцата мажи во нивните 40-ти живеат во селото во подножјето на Хималаите. Ги креваат кошулите и на новинарите на Sky News им ги покажуваат лузните. Не им е многу пријатно, но сакаат да ја споделат својата приказна.

Последниве години мештаните стануваат сѐ поочајни, се срамат, се чувствуваат измамени, оштетени, искористени. Особено оние на кои им било кажано дека бубрезите ќе им пораснат. Некои умреле како последица на тоа што им било направено на нивните тела.

Сега сиромаштијата поттикнува уште една здравствена криза во Непал, а бубрезите се повторно во фокусот.

Имено, сè поголем број Непалци избираат да работат во странство во земјите од Заливот и Малезија за да заработат повеќе пари за своите семејства дома. Но, младите, некогаш здрави мажи се враќаат во Непал во очајна потреба од трансплантација на бубрег. Некои научници велат дека ова е резултат на изложеност на екстремна топлина и тешка дехидрација.

„Мојот бубрег го доби мојата лажна сестра. Мислам дека докторот знаеше дека го продадов“

Пред неколку години, 31-годишниот Суман бил толку финансиски и емотивно скршен што размислувал да стави крај на својот живот. Чувствувал дека нема друг избор освен да отпатува во Индија за да го продаде својот бубрег на жена која се преправала дека е негова сестра. Тоа беше физички исцрпувачки процес што му оставил лузни. Тој бил платен 3.000 фунти.

„Се чувствував слаб и изгубив свест“, вели тој. „Кога се разбудив, имав многу болки. Сега не можам да работам и се обидувам да им кажам на сите да не го продаваат својот бубрег“.

Трговијата со органи е голем проблем во Индија, поттикнат од огромниот јаз во побарувачката и понудата. Недостигот на донатори довел до појава на црн пазар, а лекарите и болниците се меѓу оние кои биле разоткриени во истрагата за рекетот „пари за бубрези“.

Во Хоксе, мештаните инсистираат никој повеќе да не ги продава своите бубрези, но некои сепак преземаат екстремни ризици во обид да го подобрат својот живот.

Оваа нелегална трговија се искачила на такво ниво што се проценува дека се селучуваат околу 10.000 операции – повеќе од една на секој час – според Светската здравствена организација.

Секоја година незаконски се добиваат до 7.000 бубрези, се вели во извештајот на Global Financial Integrity.

Истиот извештај покажува дека илегалната трговија со органи генерира профит до 650 милиони фунти годишно.

Трговијата со органи функционира на различни начини. Жртвите може да бидат киднапирани и принудени да се откажат од некој орган; некои, поради финансиски очај, се согласуваат да продадат орган; или пак се измамени да веруваат дека им е потребна операција и органот им се отстранува без нивно знаење.

Некои жртви се убиваат по нарачка ако однапред е платена голема сума.

Неколку болници во Непал вршат трансплантација на бубрези. Па дури и лекарите во Непал знаат дека повеќето пациенти кои се подобро ситуирани претпочитаат да одат преку границата во Индија.

„Тие сакаат подобри услуги, сакаат индиски лекари. Затоа одат во болниците во Индија“, вели д-р Риши Кумар Кафле, директор на Националниот центар за бубрези.

Често се мета децата, особено оние од сиромашно потекло или деца со попреченост

Во мај 2013 година, осумгодишната британска ученичка Гуркирен Каур Лојал починала на клиника во Индија, а нејзиното семејство вели дека се сомнева дека била „убиена“ од лекари кои имале намера да ѝ ги земат органите.

Откако ќе се „соберат“ во болниците во јужна Индија, органите потоа им се продаваат на богатите приматели за шест пати повеќе од она што го добива донаторот.

Повеќе