Породилното отсуство е ЕКСТРЕМНО важно за мајката, можеби уште поважно отколку за бебето

Во Америка нема платено породилно отсуство, а мајката може да земе 12 недели НЕПЛАТЕНО отсуство по породувањето и гарантирано ќе ја задржи работата за тоа време.
Во Велика Британија на жените им се гарантира работа 39 недели по раѓањето на детето, а имаат целосна плата шест недели. Во Австралија мајките можат да останат со своите бебиња најмногу 18 недели и за тоа време ќе добијат – минимум.

1.185

Колку време идеално би требало мајката да отсуствува од работа по раѓањето на бебето?

Тоа е многу комплицирано прашање.

Во скандинавските земји сметаат дека на жените им треба повеќе време, додека во Америка очекуваат мајките многу брзо да се вратат на работа.

Кај нас, ако сакаме да бидеме целосно искрени, сепак се прилично „дарежливи“ – 9 месеци, а доколку роди повеќе деца одеднаш (близнаци, тројки и повеќе) – 15 месеци.

Многумина ќе речат дека е малку, ќе се согласиме, но во споредба со многу западни земји, овде мајката има повеќе време да биде со бебето пред да мора да се врати на работа.

Но, тоа не е темата на овој текст. Темата е друго прашање, а тоа е влијанието врз децата – Дали им е добро или лошо поради тоа што мајката се враќа на работа?

Имаше обиди научно и прецизно да се одговори на ова прашање, но резултатите од истражувањето беа премногу сложени.

Едно истражување покажало дека децата од „добростоечки“ семејства чии мајки се вратиле на работа пред девет месеци од нивното раѓање се соочуваат со побавен когнитивен и бихејвиорален развој.

Но, потоа, постои уште една студија која опфатила посиромашни мајки, чии деца всушност имале и академски и бихејвиорални придобивки ако нивните мајки се вратат на работа порано.

Меѓутоа, првата спомената студија е стара повеќе од 30 години, а втората е стара 10 години. Оттогаш, светот многу се промени.

Поголем е бројот на мајки кои работат и заработуваат повеќе, има повеќе градинки, а татковците повеќе се занимаваат со воспитување и родителство.

Затоа група истражувачи одлучиле да се фрлат во некои неодамнешни студии и да истражат каква е ситуацијата со децата родени по 2000 година.

Дали тие деца страдале, дали имале академски и емоционален губиток, кога нивните мајки се вратиле на работа веднаш по породувањето?

Одговорот, се чини, е не.

Кејтлин Мекферен Ломбарди од Бостонскиот колеџ објавила две студии минатата година.

Едната во списанието Child Development, за деца од Велика Британија и Австралија, а другата во списанието Developmental Psychology, за американските деца.

Студиите ги следеле децата од раѓање додека не тргнале на училиште.

Накратко, заклучокот е: „Не беше пронајдена негативна врска помеѓу пораното враќање на мајката на работа и развојот на децата, било академски или во доменот на однесувањето“, рекла Ломбарди.

Сепак, се појавиле одредени црвени светла, да ги наречеме така.

Во некои случаи, децата на посиромашните мајки во Америка имале корист од тоа што нивните мајки се враќале на работа порано.

Тоа би можело да се должи на фактот што во посиромашните семејства е од голема важност дополнителниот приход што го заработува мајката и на некој начин е поважен отколку мајката да остане подолго со детето.

Од друга страна, кога станува збор за побогатите семејства, децата на мајките кои порано би се вратиле на работа имале одредени негативни ефекти, во однос на однесувањето и академскиот развој, иако не се значајни.

Она што е интересно е дека овие три земји во кои се вршело истражување имаат сосема различни правила за отсуство од работа поради раѓање на дете.

Во Америка нема платено породилно отсуство, а мајката може да земе 12 недели НЕПЛАТЕНО отсуство по породувањето и гарантирано ќе ја задржи работата за тоа време.

Во Велика Британија на жените им се гарантира работа 39 недели по раѓањето на детето, а имаат целосна плата шест недели.

Во Австралија мајките можат да останат со своите бебиња најмногу 18 недели и за тоа време ќе добијат – минимум.

Имајќи го сето ова на ум, не е невообичаено мајките во Америка да се вратат на работа многу брзо по породувањето, повеќето дури и со полно работно време.

Но, многумина набрзо решаваат да ги напуштат своите работни места бидејќи е тешко да се балансираат семејството и кариерата со толку мало бебе.

Сето ова сугерира една важна работа – исклучително е важно да им се овозможи на жените такво враќање на работа, што нема да ги загрози нивните кариери или нивните семејства на долг рок. Познато е дека мајките, многу често, се тие кои треба да се грижат за рамнотежата на кариерата и семејството.

Враќањето на работа по породувањето не е секогаш загарантирано, а грижата за егзистенцијата е значаен фактор за повеќето мајки.

И како сето тоа да не е доволно, кога мајката на мало дете ќе се врати на работа, таа е таа што се плаши од секој детски вирус затоа што не е лесно да му кажеш на шефот дека треба повторно да земеш боледување.

Ова, на некој начин, често значи дека новата мајка веројатно нема да биде прва на списокот за напредување. Тоа е она што треба да го смениме.

Повеќе