Посебно опасни се ноќните температури: Минатата година од топлотни бранови починале повеќе од 61.000 Европејци

Иако најголем дел од вниманието е насочено кон максималните дневни температури, токму ноќните температури носат најголеми здравствени ризици, особено за ранливите групи. Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да размислуваме и за децениите што следат, предупредил Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа.

163

Европската канцеларија на Светската здравствена организација (СЗО) ги предупреди жителите да бидат подготвени за високи температури бидејќи топлотниот бран зафати поголем дел од континентот. Зголемена е опасноста од срцеви удари!

Без потребната подготовка, топлината може да стане смртоносна, предупреди Ханс Клуге, директор на СЗО за Европа. Белгиецот предложи низа мерки кои жителите можат да ги преземат за да ги избегнат најлошите ефекти од топлотниот бран. Тој советува да останете дома и да ги избегнувате најтешките задачи во најжешките делови од денот. Домовите треба да се ладат, на пример со спуштање на ролетни и користење на ноќниот воздух за проветрување.

Исто така, од суштинско значење е телото да се одржува ладно и хидрирано со носење лесна, широка облека, туширање со ладна вода и редовно консумирање на вода.
Клуге нагласува:

Додека се прилагодуваме на оваа нова нормала, со нејзините разорни ефекти врз здравјето и животните услови, од клучно значење е сите да бидеме вооружени со знаење кое ќе помогне за спасување на животи.
Покрај тоа што летово ќе се прилагодиме на новата реалност, мора да размислуваме и за децениите што следат, предупредил докторот во својата изјава.
Тој повика на итна регионална и глобална акција за запирање на климатската криза, која е егзистенцијална закана за човештвото нагласувајќи дека е клучно да се вклучат и помладите генерации кои се особено загрижени за климата и често имаат идеи и предлози.
Клуге исто така нагласил дека прашањето за климатските промени треба да биде приоритет на сите политички опции.

Ноќните температури се особено опасни
Топлотниот бран што ја зафати северната хемисфера се очекува да се засили оваа недела, што ќе предизвика пораст на ноќните температури и ќе доведе до зголемен ризик од срцев удар и смрт, соопшти Светската метеоролошка организација (СМО). Во соопштението за печатот се наведува:

Температурите во Северна Америка, Азија и низ Северна Африка и Медитеранот ќе бидат над 40 степени целзиусови неколку дена оваа недела поради засилување на топлотниот бран.
Најниските ноќни температури ќе го достигнат врвот, според СМО, што ќе создаде ризик од пораст на бројот на срцеви удари и смртни случаи.
СMO предупредува:

Иако најголем дел од вниманието е насочено кон максималните дневни температури, токму ноќните температури носат најголеми здравствени ризици, особено за ранливите групи.
Зборувајќи за новинарите во Женева, научник специјализиран за проучување на топлотните бранови рекол дека високите температури што моментално ја погодуваат Европа сигурно ќе продолжат да растат. Џон Наирн, виш советник на СMO за екстремни горештини, рекол:
Медитеранскиот топлотен бран е голем, но не е ништо во споредба со оној во Северна Африка. Во оваа фаза се развива во Европа.
Врвот на топлотниот бран во Европа се очекува на италијанските острови Сицилија и Сардинија. Според Европската вселенска агенција (ESA), температурите на овие острови би можеле да достигнат 48 °C.
Европскиот рекорд го држи Сицилија, каде во 2021 година се измерени 48,8 °C.

Топлотните бранови ќе бидат се почести и поинтензивни
Околу 61.000 луѓе најверојатно починале минатото лето во Европа како резултат на високите топлотни бранови – новото истражување сугерира дека напорите на европските земји да се подготват за екстремни горештини се толку неуспешни што завршуваат со фатални исходи.

Студијата на научници од неколку европски здравствени институти покажува дека повеќе од 61.600 жители умреле од последиците поврзани со топлината во 35 европски земји од крајот на мај до почетокот на септември 2022 година за време на најжешкото лето досега забележано во Европа.
Студијата, чии резултати беа објавени во списанието Nature Medicine, открива дека медитеранските земји, како Грција, Италија, Португалија и Шпанија, забележале највисока стапка на смртност во однос на бројот на жители.
Коавторката на студијата Џоан Балестер, професорка на Институтот за глобално здравје во Барселона, објаснува:
Медитеранот е под влијание на процесот на опустинување, па топлотните бранови во текот на летните месеци се засилуваат токму поради овие посуви услови.
Во текот на минатото лето, кога европските земји беа погодени од бројни и интензивни шумски пожари и големи суши, Португалија забележа највисока температура од 47 °C во месец јули, што е нешто помалку од најжешката температура забележана во таа земја, која беше 47,3 °C во 2003 година.
Во апсолутни бројки, најмногу смртни случаи поради горештините и топлотните бранови се забележани во Италија (18.010), Шпанија (11.324) и Германија (8.173).
Имајќи предвид дека климатските промени предизвикани од човековата активност ги зголемуваат температурите, топлотните бранови стануваат се почести и поинтензивни. Екстремно високите летни температури може да бидат фатални бидејќи често предизвикуваат топлотен удар или ги влошуваат постоечките кардиоваскуларни и респираторни заболувања, а меѓу најранливите се постарите лица.

Повеќе