Поврзаноста на менталното здравје и работното место

Годинава, светскиот ден на менталното здравје (10 октомври) се фокусира на поврзаноста на менталното здравје и работното место. Се проценува дека годишно се губат милијарди долари поради изгубената продуктивност поради зголемените дијагнози на депресија и анксиозност кај работниците, што има значително економско влијание.

140

Работата е корисна и добра за менталното здравје, но негативната работна средина може да доведе до сериозни физички и ментални здравствени проблеми.

Светскиот ден на менталното здравје се одбележува на 10 октомври, а годинава тој се фокусира токму на поврзаноста на менталното здравје и работното место.

Се проценува дека годишно се губат милијарди долари поради изгубената продуктивност поради зголемените дијагнози на депресија и анксиозност кај работниците, што има значително економско влијание.

На глобално ниво, околу 264 милиони луѓе страдаат од депресија, а многу од овие луѓе страдаат и од симптоми на анксиозност.

Ризици за менталното здравје на работното место

Светската здравствена организација ги наведува следните ризици за менталното здравје на работното место:

несоодветна здравствена и безбедносна политика на организацијата
лоша комуникација и деловни практики
ограничено учество во одлучувањето или слаба контрола врз нивната работна област
несоодветни задачи за компетенциите на личноста и тежок обем на работа
специфични работни места за помош поврзани со повисоко ниво на стрес кои носат повисок личен ризик од другите (на пр. лекари, работници за итни случаи и хуманитарни работници)
ниски нивоа на поддршка на вработените
недостаток на тимска кохезија и социјална поддршка
нефлексибилно работно време
нејасни задачи и организациски цели.

Невработеноста е исто така добро познат фактор на ризик за проблеми со менталното здравје, додека враќањето на работа или вработувањето штитат.

Негативната работна средина може да доведе до физички и ментални здравствени проблеми, употреба на штетни супстанци или алкохол, отсуство од работа и губење на продуктивноста.

Невработеноста во раната зрела возраст е поврзана со повисоки стапки на заболување од вообичаени ментални нарушувања, а истражувањата покажаа дека здравствените ефекти од невработеноста се генерално посилни кај помладите во однос на постарите возрасни групи.

Мобинг на работа – закана по здравјето!

Работата ја претставува смислата на човекот во животот, го реализира човечкиот потенцијал и му дава средства за живот. Сепак, треба да се земе предвид дека не сите поединци се на работни места што го овозможуваат горенаведеното и дека работата не мора секогаш да биде поддршка за менталното здравје на една личност.

Вознемирувањето и малтретирањето на работното место, попознато како мобинг, стануваат сѐ поизразени проблеми кои доколку продолжат, оставаат бројни здравствени последици и ризик за развој на физички и психички болести на работниците.

Мобингот на работа може едноставно да се опише како малтретирање на работното место во форма на исклучување, принуда, понижување, општо вознемирување, емоционална злоупотреба и заплашување. Овој тип на насилство погодува приближно секој трет вработен, а жените почесто се жртви на вознемирување отколку мажите. Важно е навреме да се препознае мобингот, да се побара помош и да се заштити здравјето што е можно повеќе.

Универзитетската клиника за психијатрија-Скопје ќе го одбележи Светскиот ден на менталното здравје 2024 на плоштад Македонија. 

Целта е подигнување на јавната свест за важноста на менталното здравје, особено во работната средина, каде поминуваме голем дел од нашиот живот.

Изложба во Демир Хисар

По повод Светскиот ден на менталното здравје, во фоајето на Домот на култура „Илинден“ во Демир Хисар ќе биде отворена ликовната изложба „Визуелни спознанија“.

Станува збор за ликовни дела што содржат интимни приказни на самите автори, соопштуваат од Центарот за креативни индустрии „Небо“.

-Сликите се визуелен говор на потсвесните емотивни и психолошки состојби на учесниците и истите во голема мера се од големо значење во областа на спонтаното творештво и арт брут уметноста.

Изложбата е резултат на сликарска работилница одржана во Психијатриската болница, под менторство на уметникот Тони Попов и Центарот за креативни индустрии – „Небо“, а финансиски поддржана од Министерството за култура, преку Програмата проекти од национален интерес во културата за 2024 година.

Повеќе