Проект за зачувување на љубовта – 1 прегратка на ден, 15 минути разговор, задолжителна психолошка анализа
Не би сакал погрешно да ме разберете; љубовта е прекрасна работа. Но, кога ќе се претвори во проект сличен на изградба на вселенски брод, човек почнува да ги цени тивките моменти – оние кои не се испланирани ниту одредени со статија на интернет, вели Горан Јањиќ, хипнотерапевт од Нови Сад, Србија
Кога мојата сопруга, по седум години брак, одеднаш почна да ме гушка секогаш кога ќе се сретнеме во ходникот, прво помислив дека некој од нас можеби заборавил некој важен датум.
Нашата годишнина, нејзиниот роденден или можеби денот кога за прв пат заборавивме да го изнесеме ѓубрето – што, морам да признаам, беше почеток на една убава традиција.
Но, не, не беше тоа. Мојата сакана, како што се испостави, прочитала некоја статија на Интернет за тоа како жените можат да ги спречат своите сопрузи да ги изневеруваат.
Првото нешто на списокот беше токму тоа – прегратки. Секој ден, без исклучок.
Не ми пречеа прегратките, се разбира, освен што почнаа да се појавуваат во најчудните моменти. На пример, додека се обидував да ја поправам славината што капе, чувствував како ми се спојуваат раце зад грбот во непланирана прегратка.
„Само да не заборавам“, ќе ми шепнеше на уво, додека јас, вџашен и мокар, се обидував да се сетам каде го оставив алатот.
Друга работа беше одвојување време за разговор. Петнаесет минути дневно, се вели во статијата. Сè што можев јас да помислам е како тие петнаесет минути се претвораат во бескрајна епопеја каде што се преиспитуваат сите можни и невозможни теми – од тоа зошто престанал да работи клима уредот, до суштинската анализа на секоја епизода од нашата омилена ТВ серија.
„Разговорот ги зближува луѓето“, велеше таа, додека јас, загледан во часовникот, размислував за сите прегратки што сè уште не чекаат.
Конечно, тука беше и тоа дека треба да се „биде таму“ за другиот. На хартија, прекрасна идеја. Во пракса, тоа значеше дека секој мој обид да ги прочитам весниците во мир стана сесија на длабоко емотивно разоткривање. „Како се чувствуваш во врска со таа статија?
Не би сакал погрешно да ме разберете; љубовта е прекрасна работа. Но, кога ќе се претвори во проект сличен на изградба на вселенски брод, човек почнува да ги цени тивките моменти – оние кои не се испланирани ниту одредени со статија на интернет.
И така, додека една вечер се најдовме во кујната гушкајќи се еден со друг, насмеани и исцрпени од секојдневната задача да ја зачуваме нашата љубов, сфативме нешто важно. Можеби не ни требаат сите тие совети. Можеби ни треба само малку простор за да бидеме ние – несовршени, збунети, прекрасни делови од нас кои се вљубиле без никаков водич или упатства.