Писмо на тинејџер до родителите: Постојат полоши работи од лошите оценки

Беше последниот училишен ден. Поминувајќи покрај собата на синот таткото забележа дека е средена, дури и креветот беше наместен. Изгледаше како да ги собрал сите свои работи и си заминал.

788

Сомнежите на таткото се зголемија кога го виде писмото на празното биро. Го препозна ракописот на својот син: „За тато“. Со растреперени раце, човекот го отвори пликот.

Почна да чита:
„Драг тато,

Морам да ве известам дека морав да ја напуштам нашата куќа. Не ви кажав затоа што знаев дека ти и мама ќе направите скандал. Си заминав заедно со мојата девојка. Ја сакам многу. Но, знаев дека нема да ја одобрите нашата врска поради нејзините пирсови, тетоважи, бајкерска облека и фактот дека е многу постара од мене. Но, не се работи само за моите чувства. Таа е бремена.

Нејзиното име е Сара. Таа е убедена дека ќе бидеме среќни заедно. Има својата викендица во шумата и еден куп дрва, што ќе ни траат цела зима. Планираме да имаме многу деца.

Сара ми ги отвори очите за фактот дека марихуаната навистина не е толку штетна. Планираме да ја одгледуваме и да им ја продаваме на други. А во меѓувреме ќе се молиме да најдат лек за СИДА, бидејќи Сара треба да се излечи. Таа го заслужува тоа!

Не грижи се тато, јас сум веќе пораснат, на 15 години можам да се грижам за себе. Еден ден ќе ве посетиме за да се запознаете со вашите внуци.

Те сакам, твојот син.

П.С. Тато, сето тоа го измислив. Кај другар ми сум. Само сакав да те потсетам дека има полоши работи од лошите оценки во училишната книшка (таа е на маса во кујната). Јави ми се кога ќе бидеш подготвен за да можам да се вратам дома. Ве сакам!”

Текстот е од ТУКА.

(Одлична идеја за учениците кои на крајот од годината ќе имаат по некоја лоша оценка)

Повеќе