Првите три години го обликуваат целиот живот: Зошто е детството важно од самиот почеток?

Првите три години од животот не се само „вовед“ во детството, туку најплодна почва за развој на емоционална сигурност и интелектуални способности што траат цел живот – затоа секоја прегратка, секој збор и секој момент поминат заедно тогаш, имаат моќ да ја обликуваат иднината. Впрочем, до тригодишна возраст, детето веќе има речиси 90% од големината на мозокот на возрасен!

39

Кога бебето ќе дојде на свет, се чини дека пред него се години на откривање, раст и учење. Многу родители мислат дека „вистинскиот развој“ се случува дури подоцна – кога детето ќе прооди, ќе проговори, ќе тргне во градинка или во училиште.

Науката денес јасно ни порачува: првите три години од животот не се само важни, туку и клучни. Во овој ран период, мозокот на детето се развива побрзо од кога било подоцна во животот. Милиони невронски врски се формираат секој ден, а основата на емоционалната безбедност, самодовербата и способноста за учење се поставуваат токму тогаш.

Токму затоа што изгледаат толку „тивки“ и секојдневни, првите години лесно минуваат незабележано – но она што се случува тогаш во мозокот и срцето на детето остава трага што трае цел живот. Преку секојдневна грижа, допир, поглед, збор и игра, детето учи дали светот околу него е безбедно место, дали може да им верува на другите, колку вреди и дали е сакано. Во таа доверба и таа врска со родителите, мозокот на детето цвета.

Првите три години од животот не се само важни, туку се и клучни.

Важноста на првите три години за емоционалниот развој:
Емоционалниот развој во раните години се базира првенствено на односот на детето со примарните старатели – најчесто мајката, таткото или друга блиска личност. Кога детето доживува сигурност, нежност и доследност, тоа стекнува таканаречена безбедна емоционална приврзаност, што е основа за сите подоцнежни врски во животот.

Моторен развој кај децата: Што да очекувате и кога да побарате помош
Бебе кое плаче и има некој да реагира на неговото плачење не само што се смирува, туку и учи: „Моите чувства се важни. Некој е тука за мене.“ Оваа едноставна порака станува основа на самодовербата и емоционалната отпорност.

Децата кои добиваат внимание, поддршка и утеха од мали нозе полесно развиваат емпатија, подобро се справуваат со стресот подоцна и имаат постабилни емоционални врски. Од друга страна, недостатокот на грижа или занемарувањето во овој период може да предизвика долгорочни последици – од анксиозност и несигурност до проблеми во однесувањето.

Важноста на првите три години за когнитивниот развој:
Мозокот на новороденчето е како богата, но необработена почва. Секоја интеракција – песна, боја, насмевка, играчка – го стимулира развојот на мозокот и формирањето на синапси. До тригодишна возраст, детето веќе има речиси 90% од големината на мозокот на возрасен!

Когнитивните вештини, како што се разбирањето на јазикот, решавањето проблеми, вниманието и меморијата, се развиваат во постојан дијалог со околината. Детето кое има можност да истражува, да си игра, да му се раскажуваат приказни и да му се читаат, развива вештини кои се клучни за подоцнежниот успех во училиште и во животот.

Најважната „алатка“ за учење на оваа возраст не е екранот или скапа едукативна играчка, туку присуството на возрасен кој одговара, води и го открива светот заедно со детето. Преку секојдневните рутини, како што се хранењето, пресоблекувањето, одењето или подготовката за спиење, детето постојано учи – но најмногу учи преку односите.
Првите три години од животот не се само „вовед“ во детството, туку најплодна почва за развој на емоционална сигурност и интелектуални способности што траат цел живот – затоа секоја прегратка, секој збор и секој момент поминат заедно тогаш, имаат моќ да ја обликуваат иднината.

Повеќе