Родители и деца: Кој е тука шеф?
Родителите често се гледаат себеси како „шефови“ на нивните деца, а повеќето луѓе знаат дека односот меѓу шефот и нивниот „вработен“ не е еднаков. Меѓутоа, дали е толку лошо да се смени начинот на кој тоа се прави за детето да се гледа како еднакво на неговиот родител?
Кога двајца ќе решат да станат родители, тие влегуваат во сосема нов свет, а тоа е обично свет во кој треба сами да се снаоѓаат. Даваат сѐ од себе, слушаат експерти, совети од доверливи пријатели, но тоа понекогаш знае да биде недоволно. Во морето од информации секогаш има такви што вреди да се чуваат, но и цел куп од оние што треба да се отфрлат.
Една тема секогаш се провлекува низ односот помеѓу родителите и децата, а тоа е дека родителите се возрасни, а децата се деца. Родителите ги прават правилата, децата треба да се придржуваат до нив. Децата не се перцепирани како еднакви или рамноправни со своите родители и тоа има смисла. Потребно е многу време и напор да се развијат физички, емоционално и когнитивно пред да ги сметаме за возрасни.
Зошто децата обично не се перцепирани како еднакви?
Секогаш е добро да се погледне причината за нешто пред да се обидете да најдете поинаков начин. Тоа може да ви помогне да погледнете на нешто од друга перспектива. Многу е нормално и вообичаено родителите да не ги гледаат своите деца како еднакви, според Empowering Parents.
Родителите често се гледаат себеси како „шефови“ на нивните деца, а повеќето луѓе знаат дека односот меѓу шефот и нивниот „вработен“ не е еднаков. Меѓутоа, дали е толку лошо да се смени начинот на кој тоа се прави за детето да се гледа како еднакво на неговиот родител?
Што доживуваат нашите деца од таквиот пристап?
Кога го третирате вашето дете како да е еднакво, го учите многу за довербата. Според Baby Chick, вие му давате до знаење дека му верувате. Можеби е тешко да се направи ова, но ако мајката малку ја препушти оваа контрола и му ја довери на своето дете, таа често е пријатно изненадена што детето може да се справи со тоа. Тоа ја гради самодовербата кај детето и може да придонесе за севкупно подобро ментално здравје.
Тоа го поттикнува и развојот на односот родител-дете
Сега и да се мали, ќе дојде денот кога тие деца ќе пораснат и ќе бидат сами во надворешниот свет. Ако сте ги третирале како еднакви и почитувани, тогаш големи се шансите дека родителите и детето сепак ќе имаат позитивен однос.
Ова е нешто што секогаш е полесно да се каже отколку да се направи
Има многу работи во животот што е „полесно да се кажат отколку да се направат“, а ова е една таква работа. Тоа е затоа што речиси на сите им е врежано дека родителот е возрасен, а детето не е еднакво на возрасните. Потребно е многу труд за да се промени овој став, но можно е да се пристапи поинаку.
Да се однесувате кон детето како еднакво на вас не значи да ги отфрлите сите правила и граници или да се откажете од контрола врз одлуките на детето, туку тоа е прашање на основна почит, а бидејќи нашите деца се луѓе, тие го заслужуваат тоа, пишува moms.com.