Сѐ за детските воздишки

Детето често вака ќе дише ако е под емотивен стрес и нешто го мачи. Можеби за тоа нема да биде свесно, па потребно е родителите да дадат сè од себе за да се обидат да го решат проблемот на детето.

484

Многу родители се изненадуваат и се загрижуваат ако забележат дека детето често воздивнува. Ова може да се случи кај малите деца, па на мајките и татковците им изгледа многу необично – зошто детето воздивнува ако има две или три години? Ако детето има кашлица или температура, полесно ќе утврдиме што му е, а овој симптом може да нè збуни. Воздишката е длабок, премногу нагласен здив кој има одредени невробиолошки, физиолошки и психолошки својства. Воздивнувањето е карактеризирано со долго, бавно вдишување и еднакво бавно издишување. Обично може да се слушне и е проследено со забележливи движења на градите, рамената и главата.

Воздивнувањето е нормално и кај возрасните и се случува повеќе пати дневно, бидејќи на тој начин се отвораат алвеолите кои не се користат во текот на мирното дишење. Возрасните воздивнуваат кога се изморени или под емотивен стрес, но кога воздивнувањето се случува многу често, може да се постави дијагноза на синдром на воздивнување.

Зошто детето често воздивнува и што всушност се случува?

Детето има чувство дека не може да добие доволно воздух ако дише „нормално“. Препознатливо е по тоа што воздивнувањето е испрекинато, односно дише со низа на кратки, чујни воздивнувања, отколку во еден продолжен внес на воздух.

Синдромот на воздивнување не дава никакви други симптоми, па релативно е чест кај децата и не е опасен. Ако вашето дете често воздивнува, прво што можете да направите е да проверите што не е во ред.

Детето често вака ќе дише ако е под емотивен стрес и нешто го мачи. Можеби за тоа нема да биде свесно, па потребно е родителите да дадат сè од себе за да се обидат да го решат проблемот на детето.

Педијатарот може да ја постави оваа дијагноза, така што врз основа на отсуство на некои други симптоми и со потребните анализи ќе ги исклучи другите причини и болести. Понекогаш на детето му се потребни нови техники на дишење и опуштање или консултација со детски психолог.

Синдромот на воздивнување може да ги загрижи родителите, но е безопасен и поминува сам од себе. Или кога детето ќе се ослободи од стресот кој го чувствува или кога ќе усвои нови техники на дишење.

Повеќе