Се удавило дете во базен на островот Вир: Што треба да знаете за да го избегнете најлошото!

Децата секогаш треба да бидат надгледувани кога се во близина на вода бидејќи може да се удават во изненадувачки мали количини, дури и во само неколку сантиметри!

238


Летото и сезоната на пливање се во полн ек и, за жал, често од различни страни на светот доаѓаат тажни вести за удавени деца. Овојпат ваква вест доаѓа од островот Вир во Хрватска, каде што во базен се удавило дете на возраст од 3 до 4 години.

Се обиделе да го реанимираат, било однесен во Итна помош, но за жал, немало начин да се спаси.

Затоа постојано предупредуваме кога со своите деца поминувате време на плажа, море, езеро, река или на базени, секогаш следете ги овие правила:

Децата секогаш треба да се надгледуваат кога се во близина на вода бидејќи може да се удават во изненадувачки мали количини, дури и во само неколку сантиметри.
Никогаш не ги оставајте сами ниту во када, ниту на кратко.
Бидете внимателни кога играат околу базени или рибници кои треба да имаат безбедносни огради.
Давењето може да се случи брзо и тивко (за разлика од начинот на кој се прикажува во филмовите) и предизвикува застрашувачки број на смртни случаи секоја година.
Откако ќе уживате во водена игра со вашите деца, веднаш испразнете ги садовите и кофите со вода.

Давењето не изгледа како на филм, тоа е тивок и брз процес

Американскиот спасител Френк Пиа идентификувал вообичаени однесувања при давење и ги документирал своите набљудувања. Тој објаснил дека обично не е лесно да се забележи дека некој се дави бидејќи давењето е брз и обично тивок процес.

Потребно е да се внимава на неколку работи:

Заборавете на повиците за помош
Иако во филмовите обично гледате луѓе кои гласно викаат кога се дават, ова не е приказ на реални ситуации. Всушност, давеникот ретко може да испушти звук. Ова се објаснува со фактот дека во екстремна опасност човек се бори за здив.
Специфични движења со рацете

Главната цел на давеникот е да ја држи главата над вода, па затоа повеќето од нив ги шират рацете на страна во моменти на опасност и наеднаш ги движат горе-долу бидејќи таквите движења им помагаат да се подигнат во водата за некое време. Но, тие бараат многу труд и важно е што поскоро да се забележат бидејќи човек кој се дави брзо губи сила.

Положба на телото

Иако многумина го поврзуваат давењето само со глетката на тело кое лебди на површината, при давење луѓето се во исправена положба и како што процесот напредува, главата на лицето паѓа сè пониско и пониско кон водата. Целиот процес може да трае од 20 до 60 секунди. Психолошката реакција на телото на давење е таква што лицето не може да се наведне за да си помогне или да ја пружи раката кон спасувачот или кон спасувачката опрема. Токму затоа давењето не изгледа толку драматично како што си мислите.

Тишина

Ако наеднаш не го слушате вашето дете, веднаш проверете каде е бидејќи децата што си играат во вода обично прават бучава. Ако има тишина, проверете што се случува за да видите дали на детето му е потребна некаква помош.

Вртење кон брегот

Постојат докази дека луѓето обично успеваат да се свртат кон брегот, но хаотичното мафтање со рацете и нозете, понекогаш не може да го сврти човекот во која било насока, па од брегот може да се види само главата и/или рацете кои грабат кон воздухот.

Повеќе