Деветгодишно девојче крои, шие и ги носи своите модни креации

Деветгодишна ученичка од американската држава Колорадо ја споделува со своите следбеници на Инстаграм својата сѐ поголема колекција позирајќи во секој модел, од гламурозни фустани до спортска облека.

246

Додека на некои луѓе им требаат многу години за да го откријат својот повик во животот, други ја наоѓаат својата страст уште на рана возраст. Таков е случајот со деветгодишната ученичка од Колорадо, САД, Каја Арагон. Нејзините модни креации, кои сама ги крои и ги шие, го воодушевиле интернетот, вклучувајќи ја и познатата модна дизајнерка Вера Вонг, која ѝ подарила машина за шиење. Каја сама шие облека од ноември минатата година и планира еден ден да стане модна дизајнерка.

Таа ја споделува со своите следбеници на Инстаграм својата сѐ поголема колекција позирајќи во секој модел, од гламурозни фустани до спортска облека.

„Она што е заедничко за сите мои модели е тоа што користам многу меки и удобни материјали“, вели Каја, додавајќи дека токму неудобноста на облеката за девојчиња на нејзина возраст ја поттикнала да почне да шие. „Свечените фустани за девојчињата се многу крути и неудобни. Со моите креации можам да изгледам супер модерно, а истовремено да ми биде и удобно. Можам да одам на чајанка, а потоа да се одвезам со тротинет до паркот без да морам да се пресоблечам.

Иако Каја има направено многу модели, омилен ѝ е бледо розовиот светкав фустан што го насликала рачно.

Доколку сакате да видите повеќе нејзини креации, побарајте го нејзиниот профил на Инстаграм https://www.instagram.com/kaiaraedesigns/

Повеќе