Седум видови храна кои децата треба често да ги јадат

Исхраната која е богата со хранливи материи, здрава и вкусна може да ја изостри меморијата, да го подобри фокусот и да ја зајакне способноста за учење кај децата. Од UCLA Health избраа седум видови на храна кои често треба да се најдат на менито на најмалите, а кои ќе помогнат да се подобри здравјето на нивниот мозок.

167

Здравата и правилна исхрана е исто толку важна за децата како и за возрасните.

Сосема е нормално децата понекогаш да сакаат да јадат повкусна, можеби дури и нездрава храна, но родителите треба да ги охрабрат и да им овозможат да јадат што повеќе здрава храна.

Кога родителите им даваат на своите деца здрава храна која го подобрува здравјето на мозокот, тоа е еден од најдобрите начини за поддршка на нивниот когнитивен развој.

Исхраната која е богата со хранливи материи, здрава и вкусна може да ја изостри меморијата, да го подобри фокусот и да ја зајакне способноста за учење кај децата.

Од UCLA Health избраа седум видови на храна кои често треба да се најдат на менито на најмалите, а кои ќе помогнат да се подобри здравјето на нивниот мозок.

Јајца

Омилената опција за појадок на многу луѓе, јајцата, се богати со хранливи материи, особено холин, витамин Б12 и протеини, кои се неопходни за развој на мозокот. Според The ​​Times of India, холинот, кој се наоѓа во жолчката од јајцето, ги поддржува помнењето и когнитивната функција.

Риба
Различни видови риби се богати со омега-3 масни киселини. Овие видови киселини го подобруваат функционирањето на мозочните клетки. Детската исхрана треба да вклучува видови риби како на пример, шкарпина, ослиќ, пастрмка. Ако децата не се љубители на риба, најдобра алтернатива се оревите, лененото или чиа семето. Овие опции од растително потекло се исто така богати со омега-3 масни киселини.

Зелен зеленчук
Не е изненадувачки што зелениот зеленчук е исто така на оваа листа. Здравата храна како спанаќот и тилчец (пискавица) е полна со железо и фолна киселина, кои се неопходни за учењето и способностите за памтење на мозокот, пишува The Times of India.

Додавањето на некои видови зелен зеленчук, како што се кељ, блитва и спанаќ, во различни варијанти, како на пример, во смути, може да го направи зелениот зеленчук попривлечен за децата.

Урда
Урдата е сирење со нежна арома, богато со протеини и калциум, а се добива од остатоците од сурутка по производството на сирење. Урдата е и богат извор на јод, протеини и цинк.

Овие хранливи материи ги поддржуваат невролошките процеси и целокупното здравје на мозокот. Обидете се да најдете домашна урда.

Јаткасти плодови и семиња
Бадемите, индиските ореви и семките, како што се семките од тиква и сончоглед, се одлични за раст на мозокот. Тие се богати со цинк, протеини и здрави масти кои помагаат во развојот на долгорочната меморија. Дајте им ги на децата наместо чипс, чоколадо и други грицки кои содржат многу сол и масти.

Мешунки
Мешунките како грав, наут и леќа се на списокот што го сподели UCLA Health.

Сите овие намирници содржат многу железо, протеини и фолна киселина, хранливи материи кои се особено важни за одржување на здравјето на мозокот кај децата, пишува The Times of India.

Овошје
Се разбира, еден од најдобрите видови храна што можете да им го дадете на децата е овошјето. Можете да им дадете различни опции, но некои видови овошје експертите ги препорачуваат како опции кои децата можат почесто да ги јадат. Еден од овие примери се бананите, кои се природен засилувач на енергија и одличен извор на витамин Б6, кој помага во производството на невротрансмитери.

Исто така, дајте им на децата бобинки како што се јагоди, боровинки и капини. Овие видови на зрнесто овошје се богати со антиоксиданти кои ги штитат мозочните клетки и ја подобруваат меморијата.

Повеќе