Каде ми се клучевите? Можеби не е деменција!

Ги изгубивте клучевите од дома и ова ви се случува третпат оваа недела? Дали е ова почеток на деменција? Можеби. А можеби и не. Еве 5 фактори кои го зголемуваат заборавањето

141

Заборавањето не мора да биде знак за деменција. Многу фактори како што се дехидрација, недостаток на сон, прекумерна работа, тага и лекови може да влијаат на меморијата. Откријте како да ги препознаете причините и да ја одржите менталната острина.
Многу работи во животот одат од екстрем во екстрем.

Од една страна, губењето на меморијата и конфузијата некогаш се сметаа за нормален дел од стареењето. Сега знаеме дека луѓето можат да останат ментално остри и витални и на старост, пишува порталот Sixty and me.

Денес, дури и кога меморијата малку ни слабее, се грижиме дека тоа е почеток на деменција. Но, пред да заклучиме дека се случува „најлошото“, треба да знаеме дека заборавањето може да биде предизвикано и од многу други работи. Ќе наведеме некои.

Дехидрација
Дехидрацијата е најлесно да се реши. Мозокот бара многу кога станува збор за ресурси како вода и кислород. Има добра причина за ова: мозокот ги контролира сите други функции во телото. Во случај на тешка дехидрација, би можеле да умреме.

Сепак, пред да дојдеме до таа точка, се појавуваат голем број симптоми.

Некои се физички, како сува уста или намален волумен на урина, но блага дехидрација влијае и на мозокот. Може да се чувствуваме уморни или поспани, да имаме главоболка, вртоглавица или недостаток на концентрација.

Решението за овој проблем е прилично едноставно: пијте повеќе вода секој ден.

Недостаток на сон

Во текот на животот поминуваме низ периоди кога не спиеме доволно и во најголем дел можеме да се справиме со тоа. Меѓутоа, кога недостатокот на квалитетен сон станува хроничен, тој има големо влијание врз меморијата, фокусот и размислувањето.

Порано одење во кревет може да го реши овој проблем. Освен ако проблемот не е тешкотијата да заспиете, што е многу потешко да се контролира. Во овој случај, избегнувањето на кофеин и алкохол подоцна во текот на денот, избегнување на телевизор и други екрани час или два пред спиење и практикување на вежби за релаксација пред спиење може да помогнат.

Некои луѓе го ублажуваат проблемот со дремка во текот на денот, но во потешки случаи треба да побарате лекарска помош.

Преоптоварување
Преоптоварување се случува кога мозокот има премногу за обработка. Не е важно дали овие работи се негативни или позитивни, ако мозокот има премногу за обработка, потешко ќе заспие. Ако препознаеме дека тоа може да биде причина за заборавањето, решението би можело да биде продолжен викенд или краток одмор.

Тага
Тагата може да го скрши срцето, но влијае и на мозокот, кој обработува огромна количина на мисли и емоции поврзани со тагата.

За жал, мозокот не секогаш ги обработува работите на линеарен начин. Мислите и чувствата може неочекувано да се засилат. Ова е причината зошто тагата на некои луѓе се засилува со текот на времето или се враќа во бранови кои не им даваат да спијат.

Лекови
Некои лекови може да влијаат на меморијата и будноста. За ова, треба да се консултирате со лекар, кому исто треба да му се даде список на лекови што ги користиме без рецепт.

Повеќе