Што сакаат мажите? Што им е најважно во врската, а не е секс?

Во рамките на една голема анкета спроведена на околу 10 илјади самци, дури 86 проценти од мажите рекле дека најмногу сакаат да ја пронајдат жената од своите сништа и да се оженат

105

Прашањето „Што сакаат жените?“ се поставува уште од памтивек, додека подеднакво важното прашање често се заборава – „Што сакаат мажите?“

Уште поважно, што мажите најмногу сакаат во врската? Постојат бројни недоразбирања околу ова, вклучувајќи предрасуди што можат да создадат тензија и да спречат развој на вистинска блискост.

Анкета спроведена на околу 10.000 самци открила изненадувачки одговор. На прашањето „Што најмногу сакате во вашиот љубовен живот?“, биле понудени различни одговори, од излегување со повеќе жени до наоѓање партнерка за брак.

Повеќето жени би претпоставиле дека мажите би избрале опции поврзани со површни врски, но резултатите го покажале спротивното – дури 86 проценти од мажите рекле дека најмногу сакаат да ја пронајдат жената од своите соништа и да се оженат, објавува YourTango.

Ова, се разбира, не значи дека мажите не сакаат физичка интимност, но за повеќето, емоционалната врска е подеднакво важна. Проблемот е што тие не знаат секогаш како јасно да ја покажат. Честопати, блискоста е начин тие да постигнат подлабока врска, а понекогаш обидот за иницирање интимност всушност е обид да се допре до срцето на нивната партнерка. Кога ова ќе се разбере, намерите на мажите можат да се гледаат во поинакво светло.

Важно е да ги одржувате сопствените граници и стандарди, но и да разберете дека многу мажи не се водат само од површни желби.

Повеќе