Синдром на совршена мајка

Сакаат да бидат совршени мајки бидејќи го чувствуваат притисокот на општеството, а тука се појавува поимот „синдром на совршена мајка“.

153

Родителството е прекрасно, но може да биде и напорно. Особено во денешното модерно време,

родителите често се под стрес поради различни обврски кои вклучуваат балансирање на работата,

воспитувањето наа децата и другите обврски. Често се споредуваат со другите, што дополнително

ги влошува нивните грижи. Најчесто, мајките ги споредуваат своите воспитни методи со оние на

другите мајки.

Тоа може да има негативно влијание врз нивното ментално здравје, но и врз нивните деца. Сакаат

да бидат совршени мајки бидејќи го чувствуваат притисокот на општеството, а тука се појавува

поимот „синдром на совршена мајка“.

„Терминот „синдром на совршена мајка“ се појавува во некои популарни текстови, но како таков не

пушти целосно корен во психологијата како наука и практика. Поедноставно, можеме да кажеме

дека се работи за изразен перфекционизам кај мајките и желбата сѐ да биде ’совршено’ – сѐ да

прават беспрекорно, успешно да ги завршуваат сите задачи, да ги исполнуваат сите очекувања и

никогаш да не грешат“, открива психологот Ивана Кобер Врбат за хрватскиот портал Индекс.

Ова може значително да влијае на менталното здравје на мајките. Кобер Врбат објаснува дека

луѓето кои имаат изразен перфекционизам често се стремат кон совршенство и сакаат да исполнат

високи критериуми, во овој случај, во мајчинството.

„Перфекционизмот често доаѓа со изразена анксиозност, ниска самодоверба, а понекогаш и

депресија и нарушувања во исхраната, токму затоа што е невозможно да се исполнат толку високи

критериуми. Перфекционизмот се обидува да не убеди дека ќе вредиме само ако сме совршени”,

вели таа. Сето ова можат да бидат знаци кои укажуваат дека мајките страдаат од овој синдром.

На децата не им требаат совршени родители

Психологот не потсетува дека на децата не им треба совршена мајка или совршени родители, туку

родители кои се доволно добри и кои секогаш ќе бидат тука за нив.

„Првиот чекор е да станеме свесни дека општеството, како и самите ние, често поставуваме

очекувања за себе кои е невозможно да ги исполниме“, вели Кобер Врбат. Таа посочува дека е

важно да се постават приоритети, а некои помалку важни работи да се испуштат и да се

задоволиме со доволно добри решенија.

„Да се ​​потсетиме дека имаме повеќе улоги во животот. Покрај тоа што сме мајки, ние сме и

пријателки, сестри, шефови, менаџери, студенти итн. Исто така, секоја споредба, вистинска или

виртуелна, е тивок крадец на нашето задоволство. Редовно се споредуваме со нереални прикази на

мајчинството на социјалните мрежи, па големи се шансите да бидеме незадоволни од

нашето родителство“, додава таа.

Забележува дека пред сè е важно да ги намалиме очекувањата што ги имаме од себе, нашите деца

или од општеството.

Клучно е да не се споредувате со другите

Кобер Врбат објаснува дека колку повеќе се споредуваме со другите мајки на социјалните мрежи,

толку повеќе ќе се гледаме себеси како неефикасни родители.

„Најважно за децата е да сме со нив, присутни во нивното време, без екрани кои ни го одвлекуваат

вниманието, без да се жалиме на училишните оценки и слично“, вели психологот.

Првиот чекор е да сфатиме дека имаме склоност кон перфекционизам и дека можеме да го

промениме тоа за доброто на децата. Нашите деца треба да видат дека не сме совршени затоа што

никој не е совршен и сосема е нормално да се прават грешки“, истакнува Кобер Врбат. Во таква

средина, децата можат да растат неоптоварени и без страв дека ќе направат грешки.

„Накратко, да ги намалиме нашите очекувања, да не се споредуваме со другите и да бидеме нежни

со себе. Да покажеме сочувство кон себе“, заклучува психологот.

Повеќе