Спиењето во ист кревет со децата позитивно влијае и на родителите и на децата!

Приврзаното родителство, кое вклучува и заедничко спиење, може да има позитивно влијание врз физичкото и менталното здравје на детето, тврдат експертите.

458

Сузан Краус Витборн, професорка по психологија на Универзитетот Масачусетс Амхерст (Massachusetts Amherst), верува дека приврзаното родителство може да им помогне на децата да растат во посреќни и посигурни луѓе.

„Приврзаното родителство е начин на воспитување на децата при кој родителот создава посебна врска со своите деца“, објаснува Витборн за Mirror.

Професорката вели дека целиот пристап на приврзаното родителство е поврзан со четири главни концепти. Првиот се однесува на родителите и децата кои спијат заедно во иста просторија или дури во ист кревет, со соодветни мерки на претпазливост. Иако се водат бројни дебати за исправноста на овој тип на воспитување, новото истражување покажа дека таквиот пристап на родителите позитивно влијае на психичката и физичката состојба на детето, но и на родителите.

Покрај заедничкото спиење, овој воспотен метод вклучува и одговор на секој детски плач и барање, за разлика од тоа да му дозволите на детето да се смири самостојно и физичко присуство изразено со галење или гушкање. Докажано е дека и родителите и децата имаат корист од овој тип на воспитување и поврзување. Родителите се посреќни и помалку се караат. Покрај тоа, тие создаваат посебен однос со нивните деца кој се развива со текот на годините.

Од друга страна, децата на приврзаните родители имаат пониско ниво на стрес, многу помалку плачат, имаат поголема наклонетост кон своите родители и повисоко ниво на емпатија. Сите овие емоции им помагаат на децата подобро да ги контролираат своите чувства во иднина, но и подобро да се прилагодат на новите луѓе и новите ситуации. Додека едни велат дека не се согласуваат со овој пристап бидејќи децата стануваат премногу зависни од родителите, други го фалат и велат дека нивното дете плаче многу помалку од порано. Иако овој начин на воспитување има позитивен ефект врз родителите и децата, на самите родители останува да одлучат дали тоа е правилно за нив и за нивните деца.

Повеќе