Тенка е границата помеѓу заштитувањето и презаштитувањето

Детето како биолошки организам мора да се развива, да излегува на дожд, ветер и сонце, па дури и да падне, можеби да си ги одере лактите и колената. Сепак, има родители кои не дозволуваат детето да падне. Токму тоа е презаштитување и тоа го кочи развојот на детето.

133

Д-р Ранко Рајовиќ е доктор, невроендокринолог, основач на Центарот Никола Тесла, одделот за млади таленти, ги постави темелите на НТЦ системот на креативно учење.

Според него, главни виновници за бесното и разгалено дете се родителите кои му дозволиле и му обезбедиле се, а како најголема грешка ја наведува презаштитеноста.

„Секако, родителите тоа го прават од најголема љубов, но мора да ја знаете границата меѓу заштитата и презаштитеноста“, вели д-р Рајовиќ, инаку, еден од најголемите експерти за раниот развој на интелигенцијата кај децата.

Тој посочува дека е најважно родителите да им овозможат на децата нормално да се развиваат и да ги потиснат своите стравувања кои водат до прекумерна заштита на децата.

Детето како биолошки организам мора да се развива, да излегува на дожд, ветер и сонце, па дури и да падне, можеби да си ги одере лактите и колената. Сепак, има родители кои не дозволуваат детето да падне. Токму тоа е презаштитување и тоа го кочи развојот на детето.

Тој особено подвлекува дека родителот едноставно не го развива биолошкиот потенцијал на детето.

Живите суштества кои не се движат се растенија, немаат нервни клетки.

Ние сме живи суштества за движење, имаме најкомплексен нервен систем.

Основна карактеристика на луѓето е исправеното одење и движењето.

Во превод, мозокот се развива во движење.

Од физиологијата знаеме дека мозокот најмногу се развива до втората, третата, петтата, седмата и дванаесеттата година.

Се поставува прашањето која е главната работа на детето.

Да се движи и во тоа движење да паѓа и да се повредува и да научи да се дочека себеси кога ќе падне.

Сега имате чудни ситуации во градинките и училиштата, кадешто децата паѓаат како даска, затоа што нивниот мозок не научил порано како да се дочека.

Д-р Рајовиќ како живописен пример го наведува детскиот поводник. Тој оценува дека е корисен само во ситуации кога сакаме да го контролираме движењето на детето во близина на патишта и големи гужви, но не и во парковите.

„Сигурно сте виделе родители како ги носат децата на поводник, сличен на оној што се користи за кучињата.

Ги прашувам родителите – што ќе ви е тоа?

Родителите објаснуваат дека кога детето оди со него, помалку паѓа, не развива страв од паѓање и побрзо проодува.

Но, внимавајте, ако детето не научи да паѓа на една, две, три години, кога ќе научи.

Детето мора да научи да скока и да прескокнува пречки.

Природно е да го прави тоа, особено ако може на песок, лисја, сено, во плитка вода…

Во тоа скокање и движење работат сите мускули, мозокот ги контролира и се прават нови нервни врски, синапси и од тоа зависи неговата интелигенција.

Ако не му го овозможите тоа, тогаш ќе скока низ куќата, што може да биде опасно. Не е задача на родителот да го спречи детето да скока, туку да се погрижи да не се повреди“.

Има тенка линија помеѓу заштитата и презаштитувањето, забележува д-р Рајовиќ.

„Едукацијата на родителите е многу важна.

И денес кога ги прашувам родителите колку е за интелигенцијата важна генетиката, а колку околината, мислењата се поделени.

Замислете дека родителите кои се многу интелигентни имаат син. Тој син веќе пет години живее сам во соба во која никој не комуницира со него. Дали тој син ќе биде 50 или 30 отсто како родителот.

Не, тоа дете ќе биде ментално заостанато. Овде гледаме дека животната средина е речиси 100 проценти важна. Тогаш често прашуваме што е со генетиката. И генетиката е 100 проценти важна, но развојот на тој потенцијал зависи од околината.

Како еден од водечките проблеми тој го наведува прекумерното користење на компјутери, односно таблети и мобилни телефони.

Јасно е, посочува, дека сето тоа се важни помагала, но доколку има ограничувања.

Многу родители, кога се премногу уморни, загрижени или имаат итна работа, ќе му дадат на своето дете таблет или мобилен телефон неколку часа.

До моментот кога се контролира употребата на помагала – во ред е, но сè што е спротивно на тоа ќе направи голема штета, предупредува Рајовиќ.

Сè повеќе сме опкружени со технологија, родителите на крајот ја купуваат за да си го олеснат животот, а тоа на крајот има штетно влијание врз развојот на детето.

Родителите мора да бидат свесни дека околината е важна и дека ако околината се менува, а ние сме свесни колку брзо се менува, тоа влијае и на развојот на детето.

Затоа мораме да промениме некои стратегии, пристапот кон развојот и образованието на детето, бидејќи во спротивно ќе платиме висока цена, а се чини дека веќе ја плаќаме.

Доктор Рајовиќ објаснува колку е важно родителите да знаат што е добро, што не е добро и зошто, како и како да му помогнеме на детето таму кадешто сме згрешиле.

Кинезите би рекле дека грешките создаваат искуство, а искуството е почеток на мудроста.

Никој не сака да погреши на своето дете.

Најдобро е да се едуцирате и да не дојдете во ситуација да правите грешки.

Децата брзо растат, а грешките тешко се поправаат.

Главната работа на детето треба да биде играта.

Имено, присилувањето на децата истовремено да посетуваат музички училишта, разни спортови и да учат јазици е вообичаен феномен.

Во тој случај останува премалку или воопшто нема време за игра, што не е добро. Не смееме, вели д-р Рајовиќ, да ги тераме децата да одат од активност на активност или, пак, да им даваме компјутер да играат колку што сакаат.

„Компјутерот не е игра, компјутерот е придобивка и не може да ги замени родителите.

Прошетка, парк, природа, шума, одење на село – ова е нешто што помага во развојот на детето. Задачата на родителот е да го направи детето што е можно посреќно и подвижно.

Времето кое родителите го поминуваат со своето дете е незаменливо.

Кога детето оди, детето е среќно, но тоа е неизмерна среќа и за родителите, слична е ситуацијата кога ќе научи да вози велосипед или некоја друга вештина.

Сето тоа го радува детето, но и нас. Тоа е време кое минува многу брзо.

Знам дека сите се враќаме од работа уморни, детето ни скока на глава, но разберете дека родителот не може да се замени со таблет и мобилен телефон.

Како настанува бесно и разгалено дете?

Отсуството на правила доведува до поместување на границите и разгалување на децата.

А правилата и границите ги поставува родителот, без разлика дали се работи за џамлии, сликички или коцки.

Договорете се на почеток и држете се до договорот, советува д-р Рајовиќ.

„Сигурно сте доживеале вашето дете да бара да му купите нешто.

Родителите често попуштаат, детето бара нешто, вие не сте во можност да го спречите и попуштате. И тоа постојано се повторува, па детето учи да плаче и да го добива она што го сака.

Тоа не смее да се случи.

На пример, на едно предавање реков дека џамлиите се добри.

И родителите веднаш му купија на детето 100 џамлии за викенд, бабата дојде утредента и купи уште 100.

Тоа веќе не е игра. Бидејќи утре детето доаѓа во трговскиот центар и бара уште џамлии, мајката прво вели дека не може, но по одредено време попушта.

Половина час подоцна, детето гледа други џамлии и повторно ја прашува мајка си, но сега, на неодобрување на мајка му, почнува да плаче и да вреска.

Мајката од срам не може да слуша и повторно попушта.

Во таа ситуација проблемот е родителот, а не детето“.

Зошто се појавува излив на гнев?

Детето кое нема друг начин да реши проблем, го решава со плачење или изливи на гнев.

Најчесто тоа се разгалени деца кои сакаат се и сакаат веднаш. И во овој случај, поставувањето граници е важно.

„Пред сè, би го споменал големиот проблем на денешницата – тоа се игрите.

Голем број деца седат и играат со часови. Тогаш она што се случува е дека детето е наградено со одредена доза ендорфин за секое поминато ниво, потоа ендорфин, па допамин.

Тоа е како детето да се дрогира.

Кога детето го напушта виртуелниот свет, не може да седи и да чита книга или да учи. Н

еговиот мозок има стекнато одредено ниво на фреквенција што не ни припаѓа биолошки.

И детето не се снаоѓа во реалниот свет.

Нема социјализација, прагот на толеранција е низок и почнуваат проблемите, еден од нив се изливите на гнев.

Мора да се постават граници, бидејќи подобро е да се спречи отколку да се лекува“.
Целта на образованието, според д-р Рајовиќ, мора да биде развивање на функционално знаење и креативност, што не е случај со начинот на учење и образование на просторите на поранешна Југославија.

„На територијата на поранешна Југославија има многу деца со пречки во развојот.

Наставниците не знаат што се случува.

Од нарушувања на говорот, дислексија, дисграфија, дискалкулија.

Децата само тонат, а ние ги гледаме.

Родителите се тие што прво треба да направат нешто, а потоа на ред се образовните институции и државата“, заклучил д-р Рајовиќ.

Повеќе