Тивок убиец: Дали ги сакате сите овие хемикалии во вашето тело?
Поради нивната способност да продрат низ плочката на ноктите, а преку неа и во крвотокот, токсичните хемикалии од лаковите за нокти можат да доведат до сериозни здравствени проблеми, раѓање на деца со дефекти, неплодност, респираторни проблеми, хормонални нарушувања и во екстремни случаи, зголемен ризик од рак.
Инфлуенсерот Гери Ролер сподели неколку вознемирувачки информации во своето најново видео на Инстаграм кое брзо стана вирално.
Стролер зборува за потенцијално штетните ефекти што лакот за нокти може да ги има врз вашето здравје.
Според него, многу лакови за нокти содржат токсични хемикалии кои можат сериозно да влијаат на животот.
Меѓу стотиците хемикалии, формалдехидот, толуенот и дибутил фталатот се познати како „токсичната тројка“ во индустријата за убавина.
Поради нивната способност да продрат низ плочката на ноктите, а преку неа и во крвотокот, токсичните хемикалии од лаковите за нокти можат да доведат до сериозни здравствени проблеми, раѓање на деца со дефекти, неплодност, респираторни проблеми, хормонални нарушувања и во екстремни случаи, зголемен ризик од рак.
Гери Стролер нагласува дека штетноста на овие хемикалии често се занемарува во индустријата за убавина, а многу потрошувачи не се свесни за ризиците. Тој ја нагласува важноста од едукација на јавноста за опасностите и повикува на поголема транспарентност на производителите.
Тој, исто така, ги советува своите следбеници да внимаваат на состојките на производите што ги користат и да размислуваат за префрлување на поприродни и побезбедни алтернативи, бидејќи дури и со престој во просторијата каде што се користи лакот, дишејќи го воздухот, внесувате значителна количина на хемикалии во вашето тело.
„Пред да посегнете по шишенцето лак, размислете дали ги сакате сите овие хемикалии во вашето тело?“ – советува инфлуенсерот на крајот од видеото.