Луѓето кои користат мобилен телефон повеќе од шест часа неделно имаат поголеми шанси за кардиоваскуларни болести

Објавенo е истражување кое е спроведено на возрасни групи од 37 до 73 години, а се проучувало дали времето поминато на мобилен телефон влијае на поголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања.

130


Неодамнешно истражување спроведено на 44.027 луѓе на возраст од 37 до 73 години покажало дека луѓето кои користат мобилни телефони повеќе од шест часа неделно се изложени на поголем ризик да добијат кардиоваскуларни заболувања.

Ако покрај користењето на мобилен, тие се и расеани или преплавени од емоции, шансите да се разболат се зголемуваат.

Интересната студија беше претставена во Canadian Journal of Cardiology.

Докажано е дека оние кои користат мобилен телефон повеќе од шест часа неделно имаат поголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести отколку луѓето кои користат мобилен телефон многу поретко.

После тоа, авторите на истражувањето ја разгледале врската помеѓу употребата на мобилни телефони кај луѓе кои се расеани, имаат недостаток на сон или се вознемирени.

Се покажало дека оние кои се расеани и поминуваат премногу време на мобилни телефони имаат најголем ризик од развој на кардиоваскуларни болести.

Важно е навреме да се препознаат кардиоваскуларните болести, а добрата вест е дека постои одреден начин на исхрана кој го намалува ризикот.

Сепак, потребно е да се направат дополнителни истражувања кои ќе опфатат повеќе фактори пред употребата на мобилни телефони да се нарече опасност по здравјето.

Од друга страна, ова е знак дека можете многу подобро да го искористите вашето време, но и дека можете да си најдете ново хоби.

Повеќе