Треба да ги избегнувате овие две техники кога се обидувате да го заспиете вашето бебе
Како што се менуваат генерациите, така се менува и начинит на одгледување и грижа за децата, па она што една генерација сметала дека е добро, за следната е сосема погрешно. Кога станува збор за спиењето, сега се инсиститира да се заборави на овие две методи
Една од најтешките задачи за секој родител е да го заспие детето кога тоа упорно одбива да заспие. Дури и за момент да ги затвори очите, штом родителот ќе се обиде да го стави во креветчето, тоa веднаш почнува да плаче.
И додека некои мајки можат да се пофалат дека нивното бебе спие цела ноќ, други се борат со бебе што воопшто не сака да заспие.
Веројатно веќе сте ги испробале сите можни трикови за да го заспиете вашето дете, но тоа сепак тврдоглаво се противи да заспие. Макотрпниот обид на многу родители, да се натера детето да заспие, завршува со нервозно плачење на детето и затоа има голем број на стручњаци по чии техники посегнале некои родители за да го решат овој проблем.
Заборавете на овие методи веднаш!
Иако има неколку книги кои се занимаваат со воспитување и грижа за децата, за многу експерти, чии имиња стојат зад тие бестселери, се покажало дека нивните совети не се толку стручни.
Со плачење до заспивање
Дали сте слушнале за методот на заспивање на детето со плачење? Станува збор за методот на познатиот Др. Ричард Фербер, за кој пишувал неколку пати во своите книги, а методот го добил името по него – Ferberization.
Станува збор за метод кој го користи процесот на тренирање на детето да заспие такашто ќе се измори плачејќи.
Правилото е едноставно: Вашето новороденче после една недела ќе научи дека плачењето не му носи ништо, освен вашето кратко појавување и дека не е вредно за трудот.
Ќе научат како да заспијат без ваша помош, предлага др. Фербер, а подоцна и неговиот колега Бенџамин Спок се согласува со него.
Ова е методот со кој се воспитувале многу генерации, дури и денешните баби и дедовци.
Кога детето плачело, мајката би влегла во собата, би го потапкала, би се завртела и би заминала, а постапката ја повторувала за 20 минути, во зависност од времетраењето на плачот.
Меѓутоа, подоцна беше откриено дека тоа е сосема погрешен пристап. Зошто?
Даниел Шахтер, клинички психијатар и водечки истражувач во областа на човековата меморија, објаснува дека овој пристап е погрешен бидејќи, иако детето нема развиен мозок, имплицитната порака што ја добива кога родителите го оставаат да плаче е дека светот , односно неговите негуватели, го игнорира неговиот плач и се рамнодушни кон неговите чувства, што секако не е цел на ниту еден родител.
Спиење на стомак
Иако многу совети на Др Спок се користи и денес, некои се заменети, па дури и дискредитирани. Забележителен пример е неговиот апел до родителите во 1958 година, во кој тој предложил децата да спијат на стомак.
Ова правило го оправдал со фактот дека за дете кое спие на грб постои поголем ризик од задушување доколку добие нагон за повраќање. Иако на почетокот звучи како легитимна загриженост, подоцнежните истражувања откриле дека спиењето на стомак го зголемува ризикот од СИДС или синдром на ненадејна смрт кај новороденчињата и дека спиењето на грб го намалува овој ризик.