Ви пречат мљацкањето и дишењето на колегата до вас? Ако звуците ве доведуваат до очај, веројатно имате мизофонија

Има звуци кои буквално можат да ги излудат мизофоничарите: звукот на штиклите, дишењето, а најлош е звукот на џвакање. Чувството на бес кое може да се прерасне во депресија се јавува кога тие звуци ги испушта некој близок.

303

Луѓето честопати се иритирани кога, на пример, некој гласно џвака или голта храна во близина. Но, понекогаш нетолеранцијата кон одреден звук оди во крајноста на неподносливост, па научниците сега нудат објаснување за тоа – што би можело да се крие зад сето ова.

Имено, според стручните мислења, оваа состојба се сведува на премногу чувствителна, „суперсензитивна врска” меѓу два други дела од човековиот мозок.

Во испитувањата, научниците направиле скенирање на мозокот на две групи луѓе на кои им биле дадени некои од „предизвикувачите”. Во едната група луѓе биле оние со мизофонија, а во другата – оние без тоа нарушување.

„Нашите наоди покажуваат дека за луѓето со мизофонија постои абнормална комуникација меѓу аудитивниот и моторниот дел на мозокот – можете тоа да го опишете како „суперсензибилна врска”. Ова е првпат таква врска во мозокот да биде идентификувана за оваа состојба“, нагласи предводникот на истражувањето, д-р Сукбиндер Кумар.

Екстремните случаи пројавуваат состојби каде што човекот дури и не може да толерира и поднесе некои најнормални појави и потези кај другите, без разлика дали тоа е член на неговото семејство, колега, пријател или случаен човек на јавниот простор. Науката открива како луѓето да се справат со тоа.

„Интересно е што некои луѓе со мизофонија може да ги ублажат симптомите со имитирање на дејството што го произведува звукот причинител (на иритацијата). Тоа може да укаже на обновено чувство на контрола. Ова нè наведува да веруваме дека оваа комуникација го вклучува тн. „систем на огледало”, што ни помага да го процесираме потегот на другите, преку активирање на нашиот мозок на сличен начин – како самите да го правиме тој потег. Ова сознание може да помогне при развој на нови терапии за луѓето со ова нарушување“, објаснува Кумар.

Така, според неговиот совет, следниот пат кога ќе ве изнервира личноста која, на пример, џвака гласно, просто – замислете дека и вие јадете нешто. На овој начин полесно ќе го надминете тој предизвик. 

Повеќе