Во Загреб е отворен таканаречениот Прозорец на животот, место кадешто мајките можат анонимно да ги остават несаканите деца. Прозорецот се наоѓа во рамките на манастирот Посета на Марија, веднаш до капелата Корпус Домини на Трешњевка на улицата Мошченичка.
Секоја мајка може да го отвори прозорецот и да го остави своето дете без страв од откривање на нејзиниот идентитет. Имено, иако собата за чување бебиња е опремена со видео надзор, таа не гледа на улица, туку само на креветчето односно инкубаторот со загреан гел.
Во моментот кога е сместено дете во него, се вклучува аларм за калуѓерките во манастирот и на мобилниот телефон на Алберта Врдољак, претседател на здружението Бетлеем Загреб.
Калуѓерките потоа го проверуваат видео надзорот и го носат бебето во манастирот, по што Врдољак го зема и ги известува надлежните служби.
Во САД, повеќе од стотина бебиња се предадени на овој начин од доцните 1990-ти.
Инаку, оваа практика ширум светот функционира од доцните 90-ти. Во САД има над 70 такви кутии и тие се поставуваат во рамки на законот кој го декриминализира чинот на оставање на неповредени доенчиња. Денес, секоја од 50-те држави има закони за безбедно засолниште.
Откако е поставена првата кутија, повеќе од сто бебиња се предадени на овој начин.
Кутиите за бебиња најчесто се наоѓаат во противпожарни станици, одделенија за итни случаи и болници. Новороденчето е безбедно и заштитено во кутијата две минути, а потоа се огласува аларм кој ги алармира властите дека внатре има бебе.
Првата кутија за несакани бебиња во Брисел била поставена во 2021 година, а друга во Антверпен во 2000 година.
Таму во просек годишно се наоѓа по едно бебе, пишува Brussels Times. Сличен систем имаат и Германија и Швајцарија.