Жено, опушти се: Што и да правиш, децата пак ќе имаат што да му раскажат на психологот!

Овој текст е за сите оние мајки кои едвај издржуваат решавајќи домашни задачи со своите деца, борејќи се со гневни тинејџери, со незадоволни деца. Опуштете се! Што и да правите, вашите деца утре ќе имаат што да кажат на психотерапија!

1.223

Кога би можела да го проживеам својот живот одново, еве кои работи би ги променила:

Би му реклa на син ми: „Сине, не мора да станеш инженер, не мора да бидеш ни адвокат“. Не е важно што ќе бидеш кога ќе пораснеш. Сакаш да бидеш фудбалски коментатор – одлично! Кловн во трговскиот центар? Браво!”

И кога тој мој син ќе наполни триесет години, ќе дојде кај мене целиот испотен, ќелав и со размачкана кловновска шминка на лицето и ќе рече:

„Мамо, имам триесет години и работам како кловн во трговски центар! Дали е ова животот што го сакаше за мене? Што по ѓаволите мислеше? Зошто ме остави да си играм наместо да учам математика? Зошто не ми кажа колку е важно образованието?“

Потоа ќе му ја погалам ќелавата глава и ќе му кажам:

„Душо, но јас те поддржував само во сѐ што сакаше да правиш! Не ти вршев притисок. Не те терав да вежбаш математика кога сакаше да си играш со твоите другари“.

И тогаш осудувачки ќе рече: „Не знаев до што ќе ме доведе тоа, јас бев дете, не можев да знам, но ти можеше да го направиш тоа за мене“. Можеше да ме насочиш!”

Тогаш ќе станам, ќе го погледнам внимателно и ќе му кажам: „Тоа е тоа“. Постојат два типа на луѓе во светот: некои живеат, а други го бараат виновникот. А ако не го разбираш ова, тогаш сине мој, си идиот“.

Ќе каже само „ах“ и ќе се онесвести! Неговата психотерапија ќе трае пет години.


Или не…

Еден ден ќе имам син и ќе го направам спротивното. Од тригодишна возраст ќе му повторувам: „Не биди идиот Владимир, мисли на иднината“. Научи математика, Владимир, ако не сакаш да бидеш оператор во кол-центар до крајот на животот“.

И кога ќе наполни триесет, ќе дојде кај мене, испотен, ќелав програмер со длабоки брчки и ќе рече: „Мамо, јас имам триесет години и работам во Гугл. Работам дваесет часа на ден, мамо. Јас немам семејство. Што сакаше да кажеш кога ми кажа дека добрата работа ќе ме направи среќен? Зошто ме натера да учам математика?”

И ќе кажам: „Сине, но сакав да се образуваш добро! Сакав да имаш шанса!“

И ќе ми рече: „Што по ѓаволите ми треба тоа кога сум несреќен мамо? Поминувам покрај кловнот во трговскиот центар и му завидувам. Тој е среќен! Можев да бидам среќен човек, но ти ми го уништи животот!“

И тогаш ќе станам, ќе го погледнам внимателно и ќе му речам: „Драги мој, има два типа на луѓе: едни живеат, а други цело време се жалат. Ако не го разбираш ова, тогаш сине мој, идиот си!“

Ќе каже само „ах“ и ќе се онесвести! Неговата психотерапија ќе трае пет години.

Текстот е од ТУКА.

Повеќе