Животот е подобар со помалку: 7 причини зошто на мајките им е потребен минимализам

Мајка на четири деца се ослободила од вишокот работи во својот живот и дом и станала посреќна жена откако го сторила тоа. Tаа има стотици илјади следбеници на Инстаграм, напишала книга и објаснува што сè се променило во нејзиниот живот

62

– Кога луѓето размислуваат за минимализам, мислам дека повеќето од нив замислуваат стан со еден кауч во дневната соба, бели ѕидови, без телевизор, без играчки и без растенија во кујната.

Поентата не е во тоа. Пред три години, прифаќањето на минимализмот го промени мојот живот и го трансформираше моето мајчинство од живот полн со гнев и фрустрација во живот на среќа и леснотија, живот без стрес – пишува мајката Али Касаца.

Таа нашла нов начин да живее полесен и поубав живот во кој сè е поедноставно и подобро.

– Се заљубив во она што значи „помалку“ и никогаш не се осврнав назад. Мојот брак драстично се подобри, моите деца се помалку вознемирени затоа што не викам, нема неред насекаде каде што ќе погледнам и се наоѓам себеси како седам на подот со синовите и си играм со вовчиња, гледам стар филм за Џејмс Бонд со мојот сопруг, готвам многу повеќе и шетам со мојата мала ќерка. Одеднаш сум помалку зафатена и подобра личност во целина. Сето тоа затоа што се ослободив од работите што не ми требаат – вели таа, објаснувајќи зошто нејзиниот живот е подобар со помалку работи.

Зошто на мајките им е потребен минимализам?

Помалку чистење
Јас работам дома два дена во неделата: перење алишта, чистење на бањата, правосмукалка и бришење прашина. Тоа е тоа. Ова е мојот вистински живот. Секој ден мијам садови, средувам кревети, собирам обивки, облека и играчки, но тоа е тоа. Не се сеќавам дека мајка ми некогаш си играла со мене, а таа беше совршена мајка. Но, таа мораше да пере алишта, да ја чисти куќата и да купува намирници. Не мислам дека чистењето и фрустрацијата се добар начин да се поминат тие скапоцени и кратки години од нивното детство. Минимализмот ми даде излез од тоа.

Секогаш подготвени за гости
Мојата куќа може да биде и најлоша, но сепак би се чувствувала добро ако некој дојде. Зошто? Затоа што едноставно нема многу работи во нашата куќа што би можеле да направат неред. Тоа е толку прекрасно ослободувачки.

Повеќе време
Навистина го живееме животот што го сакаме, времето е во наши раце и решив да создадам повеќе време за себе со елиминирање на вишокот. Денес, имам многу повеќе слободно време за себе отколку што имав порано. Оттогаш, имам уште две деца и работам од дома, па реално би требало да имам помалку време. Минимализмот, повторно победува.

Повеќе уживам во мојот дом
Не сакам да готвам, но сакам да бидам во мојата кујна. Обожавам да пуштам музика и да подготвувам вкусен, едноставен оброк за моето семејство. Не сакам да перам алишта, но сакам да седам во дневната соба додека моите деца си играат, а јас диплам алишта. Минимализмот ми овозможи навистина да го сакам мојот дом и да уживам во поминувањето време во него без да морам да поминувам часови и денови обидувајќи се совршено да го исчистам.

Подобар брачен живот
Можеби не ја гледате врската помеѓу минимализмот и бракот, ниту јас не ја гледам, но таа е таму и е навистина силна. Откако станав минималист, мојот ум е толку организиран и јасен, што ме направи посреќна личност, како и подостапна сопруга. Мојот сопруг не може да верува колку повеќе се смеам, колку сум подобра воопшто, колку подобро го слушам и колку повеќе квалитетно време поминувам со него. Нашата врска е посилна и таа се подобри откако се ослободивме од вишокот работи.

Можам да си играм со моите деца
Веќе доволно нагласив колку е појасен мојот ум и колку сум посреќна, послободна, но тоа важи и овде. Минимализмот ме направи мајка со слободен дух која си игра со своите деца наместо да вели: „Оди играј си“. Поминувам многу време во дворот шутирајќи фудбалска топка, танцувајќи на песната на Тејлор Свифт во дневната соба и играјќи со еднорози. Работам од дома и тоа не влијае на квалитетот на моето мајчинство бидејќи не поминувам премногу време чистејќи.

Јас сум посреќна личност
Има многу повеќе радост во мојот живот. Навистина не знам што друго да кажам за тоа, освен дека животот е едноставен, сладок и добар, дури и кога поминуваме низ нешто тешко. Бидејќи е фокусиран на она што е најважно.

    Повеќе