Зошто децата не треба да спијат со запалено светло во собата?

кспертите за спиење истакнуваат дека бебињата се раѓаат со два страва, од паѓање и од гласни звуци. Сите други стравови се научени, а меѓу нив е и стравот од темнината. Затоа, ако го навикнете вашето дете на ноќно светло, ќе биде тешко да го убедите подоцна да спие во темница.

81


Многу родители имаат навика да користат ноќна светилка во просторијата каде што спие нивното дете од моментот на раѓање, што апсолутно има одредена цел во првите месеци од животот на бебето, бидејќи ноќе го храните и го пресоблекувате.

Меѓутоа, придушените светла подоцна остануваат вклучени од навика, а всушност не треба.

Експертите за спиење истакнуваат дека бебињата се раѓаат со два страва, од паѓање и од гласни звуци. Сите други стравови се научени, а меѓу нив е и стравот од темнината. Затоа, ако го навикнете вашето дете на ноќно светло, ќе биде тешко да го убедите подоцна да спие во темница.

Зошто светлото може да биде штетно?
Експертите наведуваат дека светлото има огромно влијание врз спиењето и кај бебињата и кај возрасните. Истражувањата покажале дека дури и детските ноќни лампички можат да ги поттикнат хормоните како адреналин и кортизол кои можат да го нарушат сонот и да предизвикаат будност, се наведува на веб-страницата „Pam nease sleep“.

Ефектот на ноќната лампа варира во зависност од возраста на детето и колку е чувствително на светлина. Иако мала ноќна светилка може да биде добра за некои деца, за други може да биде премногу стимулирачка и да ги спречи да спијат мирно.

Ако забележите дека вашето бебе често се буди ноќе или има потешкотии да заспие, а користите ноќно светло, ова може да биде показател дека токму во тоа е проблемот.

Отпорност на спиење

Ноќните лампи за бебиња често се бели, сини и зелени. Овие нијанси имаат слични бранови должини на дневната светлина и можат да го збунат вашето бебе и да го нарушат развојот на неговиот деноноќен ритам.

Изложеноста на ноќно светло може да доведе до проблеми како што е „отпорност при спиење“. Треба да се има на ум дека децата не се како возрасните.

Нивната зголемена чувствителност на светлина може да ги направи уште поподложни на дисрегулација на сонот и на циркадијалниот ритам.

Спиењето во темница го олеснува природното производство на мелатонин во телото, што му помага на вашето дете да заспие (и уште поважно, да спие).

Ако вашето дете претпочита ноќно светло, според експертите, многу подобра опција е да го вклучите во друга просторија и да ја оставите вратата од собата на детето подотворена.

Повеќе