Зошто не се сеќаваме на настаните од раното детство?

Овој феномен има дури и официјално име – детска амнезија. Како што растеме, забораваме на луѓето, настаните, па дури и местата што сме ги посетувале како деца.

171

Се вели дека личноста се формира во детството, па иронично е што едвај се сеќаваме на нешто од раните години. Овој феномен има дури и официјално име – детска амнезија. Како што растеме, забораваме на луѓето, настаните, па дури и местата што сме ги посетувале како деца.

Детската амнезија е неспособност на возрасните да се сетат на детали или настани што ги доживеале пред 4-годишна возраст. Некои истражувачи тврдат дека децата пред 7-годишна возраст се способни да запомнат 60 проценти од настаните од нивните рани години. Тие заклучуваат дека всушност, додека поминуваме низ различни фази на развој, сè помалку се сеќаваме на она што им претходело.

Една теорија за тоа зошто не ги чуваме спомените од детството е дека во тоа време не сме можеле да комуницираме вербално. Кога се сеќаваме на нешто, користиме зборови и можеме да опишеме детали. Повеќето деца не зборуваат пред 2-годишна возраст, па затоа не можат да формираат кохезивна меморија.

Има и биолошко објаснување. Како што растеме, нашиот мозок работи многу тешки работи, а едно истражување заклучило дека токму поради тоа „сеќавањата кои инаку би биле долготрајни не се чуваат“.

Сепак, според детските психолози, децата се сеќаваат на оние детали и настани кои се исполнети со емоции, како позитивни така и негативни. Ова откритие им овозможува на малите деца да даваат искази на суд. Значи, ако имате некои рани спомени, голема е веројатноста дека се работи за работи кои имаат големо значење за вас и предизвикуваат силна емотивна реакција, пишува Bright Side.

Повеќе