Зошто некои жени раѓаат само ќерки, а други синови: Заблуди и факти за полот на децата

Докажано е дека по стресни времиња, како природни катастрофи или пандемии, ќе има повеќе новородени девојчиња. Ова може да се должи на стресот на кој биле изложени идните мајки.

2.517

Феноменот на раѓањето сè уште е полн со непознаници и празноверија. Се разгледуваат начини како да се зачнат женски или машки деца и се прават обиди да се разбере зошто некои семејства имаат само девојчиња, а други само момчиња.

И во овие прашања, како и во многу други, најдобро е да се свртиме кон науката.

Научниците досега не пронајдоа докази за поддршка на тврдењето дека гените на нашето семејство можат да влијаат на тоа дали ќе имаме деца од само еден пол. Полот на детето зависи од таткото. Некои сперматозоиди носат X хромозоми за девојчиња, а други Y хромозоми за момчиња. Додека жената носи 2 Х хромозоми, полот на новороденчето зависи од тоа дали X или Y сперматозоид ќе влезе во јајце клетката на жената.

Научниците открија фактори кои би можеле да влијаат на полот. Докажано е дека по стресни времиња, како природни катастрофи или пандемии, ќе има повеќе новородени девојчиња. Ова може да се должи на стресот на кој биле изложени идните мајки.

Исто така, докажано е дека намалувањето на солта и консумирањето многу млечни производи кај мажите може да ги зголеми шансите за девојче, додека мајките чија исхрана е полна со храна богата со натриум и калиум имаат поголема веројатност да раѓаат момчиња.

Семејствата кои имаат многу деца од ист пол може да се објаснат статистички. Секое дете има 50 проценти шанси да биде момче или девојче. Така, на пример, за три деца, шансата сите деца да се машки изнесува: 0,5 X 0,5 X 0,5 = 0,125, или 12,5 отсто, пишува miss7.

Значи, дали новороденчето ќе биде женско или машко, сепак научниците ги остава без валидни докази.

Повеќе