Зошто се раѓаат сѐ повеќе близнаци? Да ѝ се заблагодариме на медицината или на генетиката?

Покрај асистираната репродукција, постои уште еден фактор кој предизвикува зголемување на близначките бремености. Многу жени одлучуваат да забременат во средината на четириесеттите години, кога женското тело може да произведе дури две јајце клетки за време на овулацијата поради приближувањето на менопаузата и хормоналните промени што се случуваат во телото.

283

Дали знаевте дека денес во светот се раѓаат третина повеќе близнаци отколку во 80-тите години на 20 век. Имено, тогаш од 1000 бремености, 9 отсто биле близначки бремености, додека сега тој процент надминува 12 отсто.
Овие податоци ги собра тимот на Кристиан Монден, генетичар кој се занимава со истражувачка работа на Универзитетот во Оксфорд, а собраа податоци од 165 земји во светот, во периодот од 1980 до 2015 година.

Исто така, денес, благодарение на напредокот на медицината, смртноста кај близнаците за време на бременоста е сведена на минимум.

Научниот тим на Монден истакна дека најголем пораст има кај двојајчаните близнаци, додека бројот на идентични близнаци останал ист.

Објаснувањето и не е толку нелогично и комплицирано. Проучувајќи ја промената на човечките животни навики пред три децении, економската состојба ширум светот и точките на интерес на општата популација, во развиените земји во светот луѓето во дваесеттите и раните триесетти главно се фокусирани на нивното образование, развој на кариерата и стекнување на одредена материјална сигурност.

Кога паровите ќе стигнат до фазата на желба да основаат семејство, сè поголем број од нив се веќе во доцните триесетти и на прагот на четириесеттите, кога репродуктивната моќ е веќе значително намалена.

Секако, тоа нè наведува на заклучок дека сè поголем број од нив се одлучуваат за некаква форма на потпомогнато оплодување. За време на потпомогнатото оплодување, идната мајка зема хормони кои го стимулираат производството на јајце клетки, па често се случува жената да создаде две јајце клетки за време на овулацијата, кои потоа се оплодуваат.

Исто така, ако зборуваме за ин-витро оплодување, лекарите често внесуваат две или три оплодени јајце-клетки во женската матка, со цел да поттикнат барем една да преживее, а во повеќето случаи, доаѓа до развој на сите оплодени јајце клетки и раѓање на близнаци, тројки итн.

Бидејќи повеќето близначки бремености носат со себе ризици како што се предвремено раѓање или мала тежина на родените деца, многу клиники почнаа да го воведуваат правилото за имплементирање на само една оплодена јајце клетка, што на крајот ќе доведе до намалување на процентот на близначки бремености.

Покрај асистираната репродукција, постои уште еден фактор кој предизвикува зголемување на близначките бремености. Многу жени одлучуваат да забременат во средината на четириесеттите години, кога женското тело може да произведе дури две јајце клетки за време на овулацијата поради приближувањето на менопаузата и хормоналните промени што се случуваат во телото.

Којзнае каква ќе биде сликата во следните триесет години, што мислите вие?

Повеќе