Не го споредувајте своето бебе со други бебиња

Има сѐ повеќе млади родители кои чувствуваат некој вид на анксиозност бидејќи мислат дека нивното дете не се развива како што е напишано во развојните табели.

0
77

Иако експертите постојано предупредуваат дека секое бебе се развива со свое темпо, сѐ повеќе млади родители чувствуваат некакoв вид на вознемиреност бидејќи веруваат дека нивното дете не се развива како што е предвидено во развојните табели.

Во морето информации за тоа што нивното бебе мора, може и треба да прави во одреден период од растењето, многу родители се плашат дека детето не се развива правилно.

Мајките читаат на социјалните мрежи за тоа што можат да направат другите бебиња, наоѓаат текстови на Интернет за тоа што треба да прават бебињата во кој период од развојот и како последица на тоа чувствуваат само стрес и фрустрација.

„Заради вознемиреноста што ја чувствуваат родителите во врска со развојот на нивните бебиња, на многу мајки им треба потсетник дека е сѐ во ред со нивното бебе“, изјавила педијатарката Мона Амин за порталот babygaga.com.

Кога развојот на нивното бебе не се совпаѓа со датумите во мапата за развој, родителите почнуваат да се обвинуваат себеси за нивниот неуспех како родители. Кога детето, на пример, не може да ја фати брадавицата, мајките почнуваат да се прашуваат: „Каде грешам? Зошто не можам да дојам? ”

Или, кога детето ќе наполни 12 месеци и сѐ уште не почнало да оди, преовладува чувството на вина, па мајката вели: „Детето на мојата пријателка веќе оди, а има само 10 месеци!“

Ако се препознавате во ова, експертите советуваат секогаш кога ќе ве обземе страв, имајте го на ум следново:

1. Дека вашето дете има свој временски процес и линија на развој.

2. Дека почетокот на одење, зборување и спиење се случува со темпото што е најсоодветно за вашето дете.

Ако сте загрижени и мислите дека вашето дете е фрустрирано затоа што не може да оди или да зборува, консултирајте се со педијатар.

„Денес, постојат многу групи за мајки на социјалните мрежи во кои ги споредуваат децата. Многумина од нив ги споделуваат своите искуства за периодот кога нивното дете ја усовршило вештината, што за многу мајки е извор на грижи и страв дека нешто не е во ред со нивното бебе. „Поради стресот што го чувствуваат тогаш, мајките го губат од вид фактот дека нивното бебе всушност напредува“, предупреди Амин.

Таа ги советува загрижените родители итно да го сменат својот поглед на улогата што ја имаат пресвртниците.

„Кога размислувате за пресвртници, размислувајте за фактот дека тие се само временски рамки во кои бебињата треба да совладаат вештина“, вели таа и го наведува почетокот на одењето како пример. „Нормалниот“ период во кој детето треба да оди е до 18 месеци. Станува збор за, вели таа, прилично долг период и без оглед на тоа дали вашето дете проодело на 10, 12 или 18 месеци, бидете смирени бидејќи се развива сосема нормално.

„Кога една мајка се трка со другите мајки со цел нејзиното бебе да стигне до пресвртницата што е можно поскоро, таа пропушта важни моменти со своето дете“, предупредува Амин и посочува дека тоа може да има лош ефект врз односот мајка-бебе, а може да има негативно влијание и врз развојот.

„Кога мајката сака да го натера своето бебе да зборува, бидејќи смета дека веќе треба да знае одреден број зборови, тоа може да биде само стресно за детето“, вели Мона Амин, која им порачува на родителите да престанат да ги споредуваат своите бебиња со другите.

Според табелата развиена од Американскиот центар за превенција и контрола на болести, важно е да внимавате на тоа како вашето дете си игра, учи, зборува и се однесува.

Пресвртниците покажуваат што е типично за одредена возраст, но прилагодувањето на потребите и желбите на детето е најдобриот начин да му помогнете да напредува.

Прочитајте уште неколку совети подолу:

-Најдете начин да ја обезбедите потребната поддршка без да го брзате процесот на учење.

-Не обвинувајте се и обидете се да не вршите голем притисок врз детето со желбата да го забрзате неговиот развоен процес.

-Очекувањата што си ги поставивте не се стресни само за вас, туку и за детето.

– Разговорот со лекар може да ви помогне да ги поставите вашите очекувања во реална перспектива.

-Не заборавајте дека вашето дете е единствена личност.

-Однесувањето и искуствата на вашето дете не се секогаш под ваша контрола.

– Кога ќе научите да го прифатите вашето дете токму онакво какво што е, тоа само ќе се чувствува поприфатено, а вие ќе се опуштите и ќе уживате во улогата на родител.

Фото: Freepik

[better-ads type='banner' banner='999' ]