5 примери: Еве како (несвесно) ги кршиме границите на децата што ги почитуваме кај возрасните

Честопати ги третираме децата поинаку од возрасните. Иако ова се очекува од нас од една страна, од друга страна ситуацијата треба да биде токму спротивна. Имено, колку пати сме му пришле на непознат човек и сме го погалиле по косата? Никогаш? А колку пати им се случило ова на децата?

42

Родителите се заштитнички настроени кон своите деца.

Најчесто тоа се однесува на однесувањето на другите, но самите родители често ја преминуваат границата.

Најлошо поминуваат помладите деца, кои сè уште не можат да се залагаат за себе.Покрај тоа,

дури и кога малите си поставуваат граници, тие не се сфаќаат сериозно.

Ние возрасните често забораваме дека дури и двегодишните деца треба да имаат свој приватен простор.

Една мајка состави листа од пет работи со кои возрасните, вклучувајќи ги и самите родители, ги преминуваат границите на прифатливото однесување кон (своите) деца, без можеби дури и да го сфатат тоа.

Прегратки и бакнежи
Кога на минувачите некое дете ќе им се види симпатично, честопати сакаат да го гушнат, да го погалат по косата, па дури и да го бакнат. Секако, ваквото однесување меѓу возрасните странци би било неприфатливо, па зошто тоа не е случај кога се во прашање децата, прашува мајката Рошаун Медоус-Фернандез.

Слично на тоа, децата не треба да бидат принудени да гушнат некого, дури и ако е тоа некој роднина, ако не чувствуваат потреба за тоа.

Ако на детето му наметнеме физички контакт, всушност му ја земаме можноста за негов сопствен избор.

Удирање по газот

Иако оваа тема е веќе на големо преиспитувана и истражувана за последиците што ги остава, удирањето по задникот, па дури и онаа „безболното“ се најде на оваа листа.

Ако родителот размислува во насока дека таквиот пристап би можел да го воспита детето, се поставува друго прашање: Дали приватниот простор и емоциите на детето не се нарушени со таквиот однос?

Додека тепачката со друг возрасен се смета за напад, таквиот однос кон детето се обидува да се рационализира.

Присилување на детето да го прави она што не сака

Ако возрасен му каже „не“ на друг возрасен, постои голема веројатност тоа да биде прифатено. Меѓутоа, кога децата не сакаат да направат нешто, тие едноставно се игнорираат.

Додека од една страна има моменти кога нивното „не“ не може да се прифати, како сладолед пред ручек, има и други со кои треба да бидеме поблаги.

    Сакаме нашите деца еден ден да бидат независни поединци и способни да се залагаат за себе, но во исто време ги игнорираме нивните мали одлуки.

    Тие учат уште од мали нозе, па ако сакаме еден ден да дојдат до сопствени решенија и да бидат сигурни во нив, треба да им покажеме дека нивните перспективи и нивните ставови важат и сега.

    Игнорирање на нивните чувства

    „Престани да плачеш“ е вообичаена реченица на родителите кои однесувањето на своето дете го сметаат за ирационално и не ја гледаат причината зошто е вознемирено.

    Меѓутоа, ако им кажеме на децата кога треба да плачат и да ги изразат своите емоции, а кога не, тие лесно би можеле да се збунат и да почнат да ги потиснуваат своите емоции, смета Рошаун. Возрасните исто така плачат, уморни се, имаат лош ден, гладни се и едноставно немаат желба да комуницираат. Ситуацијата понекогаш е иста со децата.

    Откривање на нивните тајни

    Дури и една мала тајна што детето бара од нас да ја чуваме, доколку се открие, создава празнина во довербата меѓу родителите и децата.

    Ова е особено присутно во животот на адолесцентите.

    Овој период е доволно емотивно предизвикувачки и без знаење дека родителот ги споделува движењата на детето со целото семејство и пријателите на, на пример, неговиот Фејсбук профил. Затоа е важно и на најмалото дете да му покажеме дека има право на приватност, пишува мајката на порталот Scary Mommy.

      Повеќе