Децата влегуваат во пубертет порано од кога било досега

„Истражувачите продолжуваат да проучуваат зошто пубертетот започнува порано и мислат дека тоа е комбинација на фактори како што се генетиката, начинот на живот и изложеноста на одредени хемикалии кои се почести денес“, вели психологот Бека Валас.

5.600

Едно неодамнешно истражување објавено во JAMA Network Open покажува дека децата го доживуваат пубертетот порано од претходно.

Во студија на повеќе од 71.000 девојчиња во САД, родени помеѓу 1950 и 2005 година, истражувачите откриле тренд на менструација пред 11-годишна возраст.

Повеќе од двојно е зголемен бројот на оние кои добиваат менструација пред 9-годишна возраст. Тие исто така откриле дека на менструацијата ѝ треба подолго за да се регулира.

„Истражувачите продолжуваат да проучуваат зошто пубертетот започнува порано и мислат дека тоа е комбинација на фактори како што се генетиката, начинот на живот и изложеноста на одредени хемикалии кои се почести денес“, вели психологот Бека Валас.

Пубертетот може да биде збунувачки период за пред тинејџерите кои минуваат низ него, бидејќи нивните тела минуваат низ значителни промени и нивната емоционална зрелост можеби сè уште не е на тоа ниво.

„Раниот пубертет е предизвикувачки, но природен дел од растењето“, вели терапевтката Бека Рид, додавајќи дека промените во расположението, бесот и зголемената чувствителност се чести и предизвикани од хормоналните промени.

Физички знаци на пубертет на кои треба да внимавате кај вашите деца на предтинејџерски години вклучуваат:

забрзан раст
појава на влакна под пазувите и на интимните делови од телото
промени во развојот на градите кај женските деца
гласовни промени кај машките деца
емоционални промени.

„Децата често сакаат поголема приватност, не сакаат да се пресоблекуваат пред други или да се гушкаат со своите родители. Можеби ќе сакаат повеќе време за себе“, забележува д-р Валас.

Овој период може да биде тежок за децата и важно е родителите да ги поддржат.

Слушајте го вашето дете без осудување, давајте повратни информации, давајте му поддршка без да го засрамувате и дозволете му да се изрази преку смеа, плачење, лутина или која било друга емоција.

Повеќе