Сѐ повеќе возрасни одлучуваат да немаат деца
Новата студија на Pew Research Center покажала дека 57% од возрасните Американци помлади од 50 години велат дека веројатно никогаш нема да имаат деца затоа што едноставно не го сакаат тоа. Од друга страна, 31% од оние над 50 години кои никогаш немале деца ја наведуваат истата причина.
Кога Лори-Ен Де Чавитано и нејзиниот партнер се одлучиле за заеднички живот, планирале да имаат деца. Тие знаеле дека тоа ќе биде долг и скап процес, но сепак почнале да штедат.
„Патувавме, одевме на концерти, претстави и настани. Сфативме дека ни се допаѓа таков живот и некако децата исчезнаа од нашите планови“, вели Де Чавитано.
Ова не е единствениот пар кој одлучува да остане без деца. Новата студија на Pew Research Center покажала дека 57% од возрасните Американци помлади од 50 години велат дека веројатно никогаш нема да имаат деца затоа што едноставно не го сакаат тоа.
Од друга страна, 31% од оние над 50 години кои никогаш немале деца ја наведуваат истата причина.
Кои се главните причини поради кои луѓето одлучуваат да немаат деца?
Според истражувањето, кариерата е број еден (44%), по што следи загриженоста за состојбата во светот (38%).
На трето место се климатските промени (26%).
Оние над 50 години не се жалат толку на светските проблеми, туку како главна причина го наведуваат фактот дека никогаш не успеале да го најдат вистинскиот партнер со кој ќе имаат деца (33%).
„Мислам дека на луѓето кои одлучуваат да немаат деца сè уште им е малку непријатно затоа што е „нормално“ да се има деца.
Сепак, од околу 2020 година, има сѐ повеќе членови на генерацијата на возрасни кои се во плоден период од животот и гордо истакнуваат дека нивниот избор е живот без деца“, коментира Џоселин Џ. Фицџералд, доцент на Катедрата за акушерство, гинекологија и репродуктивни науки на Универзитетот во Питсбург.
Мажот без деца е вечен ерген, на жените без деца им се чудат
За д-р Фицџералд, да се биде без деца е одлука на која многу влијаела нејзината работа помагајќи им на жените да се справат со прашања како што се вагинален пролапс, уринарна и инконтиненција на дебелото црево и сексуалната болка што често произлегува од бременоста. Но, другите причини што ги навела д-р Фицџералд за да се одлучи да нема деца се слични на оние што ги откриле истражувачите во студијата.
„Знам од реалното животно искуство колку секојдневна работа е потребна за добро да се воспитаат децата. Исто така, тоа е неверојатно скапо! И страшно! Има толку многу непознати”, вели таа.
Иако д-р Фицџералд има 38 години и е прилично цврста во својата одлука да остане без деца, таа напоменува дека постои можност тоа да се промени во иднина, но дека е тоа сепак малку веројатно.
Според Pew Research Center, жените повеќе од мажите чувствуваат социјален притисок да имаат деца, особено на помлади возрасти.
„На мажот без деца се гледа како вечен ерген, за кој се вели дека е успешен и е фокусиран на својата кариера. Често се прифаќа дека мажите немаат деца поради лични амбиции или едноставно затоа што не сакаат”, коментира др. Фицџералд.
Иако живеат без деца, не се осамени
Де Чавитано вели дека децата не се гаранција дека нема да умрете сами. Д-р Фицџералд се согласува со ова.
„Нема гаранција дека вашите деца ќе живеат во истиот град како вие или дека ќе се грижат за вас кога ќе бидете стари или болни.
Повеќето студии покажуваат дека најсреќните луѓе во општеството се самохраните жени без деца, бидејќи имаат многу помалку стресни фактори“, објаснила докторката.